На 5 октомври 2017 година во судницата на Правен факултет се одржа работилница во врска со реализација на програмата „Денови на симулирано судење“.

Имено, се работи за престоен натпревар во симулирано судење меѓу тимови од пет правни факултети во државата, а победникот ќе го одреди тим на судии составен од судија Сафет Кадриу, судијка Габриела Гајдова и судијка Корнелија Давчева.  Присутни беа студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - УКИМ, Скопје, Правен факултет при Државен универзитет во Тетово, Правен факултет при Универзитет на Југоисточна Европа, Правен факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола и Правен факултет при  Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, како домаќин на настанот (кои се всушност и натпреварувачите).

Студентите денес со судиите и професорите ги разработуваа зададените предмети по кои треба да го искреираат нивното сценарио и нивната главна расправа по кривичен предмет. Врз база на ораторски способности, познавање на кривичната постапка и пишување на писмени поднесоци, судиите ќе го прогласат победникот на симулацијата.

Исто така, најбитно за нив, ги искористија високите перформанси на опремата на судницата за заштитен сведок да научат како навистина се прави ваквото испрашување и каков треба да биде текот на судењето кога се користи истиот. Судиите им посочија на кој начин треба да тече сослушувањето на ваквите сведоци.

Оваа  работилница е од голема важност за студентите на правните факултети да се соживеат со поимот судница и да внесат пракса во нивните теоретски познавања, што ќе им користи во кариерата понатаму.  Од Правен факултет при УГД ментори на тимот се професор д-р Лазар Нанев и продекан д-р Олга Кошевалиска.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.