Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Здружението на правници Роми во Скопје во ноември 2016 година започнаа да го спроведуваат проектот „Еднакви пред судот - безбедни во животот“, кој има за цел да промовира еднаков и фер третман на ромската популација од администраторите на правдата, третирајќи ја дискриминацијата преку промоција на еднаквост во македонското општество, имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Здружението на правници Роми во Скопје и поддржан од Институтот Отворено општество во соработка со Тинк тенк фондот и Канцеларијата за ромски иницијативи на ФОО.

Како резултат на проектот, Центарот за правни истражувања и анализи и Здружението на правници Роми во Скопје во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на 11 и 12 декември спроведоа  обука за зајакнување на знаeњата на студентите по право на тема „Дискриминација по основ на раса и етничка припадност, говор на омраза и криминал од омраза со посебен фокус на дискриминацијата кон Ромите“.

Темите кои беа обработени со двете групи, односно со над 50 студенти по право беа: дискриминација врз основа на етничка припадност и раса/боја, што е дискриминација и како да се препознае дискриминацијата, постапка за заштита од дискриминација пред Комисијата за заштита од дискриминација; дискриминаторско однесување спрема Ромите (практични примери); говор на омраза и криминал од омраза кон Ромите и пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права. За спроведување на обуките, Центарот за правни истражувања и анализа ги ангажираше правните експерти: проф. д-р Јован Ананиев, проф.  д-р Беким Кадриу, проф.  д-р Елена Михајлова и адвокат Жарко Хаџи Зафиров.

Целта на обуките е да се постигне зголемена свест, знаење и сензибилизација, особено на ваква значајна група, како што се младите студенти по право, како идни судии, јавни обвинители и адвокати, преку поттикнување на културата на права кои се однесуваат на заштитата од расистички говор на омраза и криминал од омраза кон Ромите. Поддршката на развојот на култура на права меѓу младите правници е тесно поврзана со подобар иден пристап до правдата за жртвите на дискриминација, бидејќи ја подига свеста за постоењето на предрасудите и стереотипите и се однесува на пријавување случаи на дискриминација, спречување на идната дискриминација и промовирање на еднакво општество и покрај нејзината разноликост. Мотото на обуките за развој на капацитетите на студентите по право ќе биде „Превенцијата е заштита“.

Центарот за правни истражувања и анализи и Здружението на правници Роми во соработка со правните факултети (Правен факултет при УГД - Штип, Правен факултет при УЈИЕ – Тетово и Правен факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“) ќе спроведат уште 4 обуки со студентите од правните факултети на тема „Дискриминација по основ на раса и етничка припадност, говор на омраза и криминал од омраза со посебен фокус на дискриминацијата кон Ромите“.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.