Правниот факултет, заедно со сите пет правни факултети во државава, одржа натревар по симулирано судење на кој покрај студентите беа присутни и судиите од Македонија, претставници на ОБСЕ и претставници на УГД.

„Домаќин е Правниот факултет во Штип и судницата на УГД, а имаме претставници од сите правни факултети во Македонија. Станува збор за вистински судски случаи кои се земени од Основниот суд во Скопје, од Одделот за организиран криминал. Студентите можат вака да покажат знаења кои ги научиле во текот на целата година, но воедно и да се стекнат со знаења и вештини од целиот судски процес. Оценувањето на студентите се одвива од страна на професионални судии од судовите во Република Македонија - истакна проф. д-р Лазар Нанев, кој е координатор на овој проект.

Огромен број студенти беа присутни денес во судницата за симулирано судење и истакнаа дека ова е многу значајно за нив како идни правници.

„Исто како и претходната година и оваа година учествувавме на овој натпревар. Во тимот сме 10 студенти, а предметите ни се од организиран криминал и корупција. Во нашиот предмет станува збор за трговија и пуштање наркотични средства во промет“,  истакна Иван Ангеловиќ од Универзитетот „Гоце Делчев“.

„Дојдовме на симулирано судење во Штип со предмет од кривично право. Нашиот предмет е врзан со изборна измама и Љубе Бошковски. Тимот ни е составен од 12 луѓе и воопшто не ни беше тешко да се подготвиме“, изјави Бесир Халили од Државниот универзитет во Тетово.

Овој натпревар на симулирани судења е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, а традиционално се организира секоја година на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.