Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип по петти пат ја одржува Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“.

Годинава ни е јубилејна, по петти пат ја организираме научната конференција. На конференцијата се присутни околу 70 гости, со тоа што конференцијата имаше добиено повеќе трудови кои го најдоа своето место во печатените и во електронските изданија на зборниците. Авторите ќе зборуваат на четири различни теми – право, политика, општество и комуникации. Новина на ова јубилејно издание на конференцијата е новата секција, Секција на млади истражувачи, каде што имаме 15 учесници од Р. Македонија. Тоа се студенти на постдипломски и докторски студии, како и двајца учесници од Бугарија, студенти на докторски студии. Конференцијата ќе се одвива во пет различни панели, а свое учество земаат учесници од повеќе држави: Русија, Полска, Бугарија, Србија, БиХ и од Р. Македонија – изјави доц. д-р Марија Амповска, член на организацискиот одбор на конференцијата.

Во двата дена на конференцијата ќе бидат презентирани доста интересни и актуелни трудови, а дел од нив секако ќе ја покажат и поврзаноста и сличноста на проблемите со кои се соочуваат одредени области во државите од регионот.

Темата на мојот труд се однесува на уставната заштита на човековите права и во таа смисла ќе стане збор за улогата на судовите и другите институции и установи кои имаат свој важен удел во заштитата на човековите права. Во фокус на моето излагање ќе биде состојбата во Р. Србија, но тоа се теми кои имаат универзално значење, така што верувам дека има доста заеднички точки со правниот систем во Р. Македонија. Отприлика исти се предизвиците и проблемите, така што верувам дека ќе отвориме важна дискусија по излагањето – вели проф. Маја Настиќ, продекан на Правниот факултет на Универзитетот во Ниш, Р. Србија.

Конференцијата се одржува на 6 и 7 септември (четврток и петок) во просториите на Правниот факултет на УГД.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.