Правниот факултет при УГД формира мрежа за поддршка и соработка со средните училишта низ државата. Мрежата ќе има за цел да биде заедница која ќе ги зближи средното со високото образование и ќе помага во процесот на снабдување со литература и заеднички проекти.

  • Една од целите е да создадеме платформа на која ќе бидат поставувани учебни помагала, материјали и сѐ што е од корист за студентите, професорите и наставниците. Потоа преку оваа соработка можеме да организираме заеднички настани и проекти. Ќе реализираме и заеднички предавања, дебати и симулирано судење. Секоја година организираме ораторска вечер. На оваа вечер, по формирање на мрежата, ќе можат да учествуваат и учениците од средните училишта - изјави проф. д-р Олга Кошевалиска, продекан на Правниот факултет при УГД.

На денешниот настан беа присутни голем број претставници од средните училишта кои истакнаа дека ова ќе биде од голем бенефит и за нив и за нивните ученици.

  • Ние колегите кои држиме правни предмети во средните училишта не се познаваме меѓусебно, а делиме заеднички вредности, предмети, проблеми и така натаму. Ова е добар начин да се собереме на едно место во една организација. Тука ќе има можност да ги споделуваме своите проблеми и активности, а воедно ова е можност за перманентна соработка меѓу средното и високото образование - истакна Игор Христов од средното училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Денеска училиштата потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. На средбата беше истакнато дека соработката е на рамноправна основа независно кој каква образовна институција репрезентира. Според организаторите, оваа соработка во иднина ќе се продолжува.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.