Тимот на Правниот факултет при УГД го освои првото место на натпреварот по симулирано судење кој се одржа во судницата на Правниот факултет во Штип, а наградата за најдобар бранител ја однесе Ангела Димеска, исто така од УГД.

- Сметам дека овој натпревар треба да биде поддржан од сите факултети во оваа држава и ни дава големо практично предзнаење во нашиот правосуден систем. Сето ова се организира, пред сѐ, во иднина да бидеме добри правници - изјави Ангела Димеска, студентка на Правниот факултет на УГД.

Во симулираните судења учествуваа четири правни факултети од целата држава и голем број студенти. Се натпреваруваа студенти од Скопје, Тетово, Битола и од Штип.

- Ова значи стекнување на практични искуства и стекнување на практични знаења за студентите на овој факултет, но и на сите други факултети - изјави професорот Лазар Нанев.

Студентите обработуваа предмети од кривичното право и оваа година сите студенти обработуваа ист предмет, а комисија за оценување составена од еминентни обвинители, судии и адвокати ги оценува студентите.

- Студентите се јавуваат во улоги на судии, адвокати, бранители, сведоци и друго. И тоа е за нив одлично искуство. Предметите кои ги работат ги добиваме од Основен кривичен суд Скопје 1 и секогаш се интересни и реални предмети - изјави деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.

Настанот се одржува традиционално по петти пат, а според најавите ќе продолжи да се одржува и во годините кои следуваат.

Судскиот совет на натпреварот беше составен од судијата Бетим Јахја, јавниот обвинител Фатиме Фетаи и адвокатот Сузана Јошевска-Анастасовска.

На натпреварот учествуваа тимови од четирите државни правни факултети - при УГД - Штип, УКИМ - Скопје, УКЛО - Битола и ДУТ - Тетово.

Целиот натпревар и сите четири симулации беа будно проследени од страна на претставник на Американска амбасада во РСМ - резидентен правен советник Челси Шинур (Chelsea Schinnour).

Настанот го отвори модераторот и организатор проф. д-р Лазар Нанев, а воведно обраќање дадоа проф. д-р Олга Кошевалиска, декан на Правен факултет, проф. д-р Кирил Барбареев, лице за односи со јавноста при УГД, и Челси Шинур (Chelsea Schinnour), резидентен правен советник.

По симулацијата на сите тимови, комисијата се повлече за нивно оценување.

Првото место, за најдобра симулација, го освои тимот на Правниот факултет при УГД. Студентите беа менторирани од проф. д-р Лазар Нанев, проф. д-р Олга Кошевалиска и доцент д-р Елена Максимова.

Второто место им припадна на студентите од Правниот факултет при ДУТ, менторирани од проф. д-р Арта Биљали Зендели (Arta Bilalli Zendeli), проф. д-р Афет Мамути (Afet Mamuti) и проф. д-р Квебир Авзиу (Qebir Avziu).

Третото место го освои тимот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, менторирани од м-р Бојана Здравковска и м-р Кристина Петрова.

Награда за учество добија студентите од Правниот факултет при УКЛО, менторирани од страна на проф. д-р Никола Тунтевски и ас. м-р Ивона Шушак.

Во тимот на УГД учествуваа студентите: Елена Паризова (судија), Ангела Димеска (бранител), Мики Крстев (јавен обвинител),Тамара Петрушева (сведок), Стефан Ѓурков (вешто лице), Иван Димитров (обвинет), Јована Михаилова (сведок), Ивана Недева (сведок), Мила Наџакова (член на судски совет), Мартина Ташкова (вешто лице), Надица Трендафилова (член на Судски совет) и Корнелија Шалева (записничар).

Ангела Димеска се здоби и со индивидуална награда за најдобар бранител на натпреварот.

Нескромна и интензивна помош и поддршка во подготовките и реализацијата на натпреварот дадоа асистент Наташа Донева (Правен факултет, УГД) и студентите Вероника Газепова и Давид Митровиќ.

Натпреварот е одлична можност студентите да се стекнат со правни вештини и познавање на процесното право уште во студентската фаза, дружење и здобивање искуства и знаење од истакнати и реномирани експерти.



Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.