Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делев“ – Штип, предводен од доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, е партнер во проектот Жан Моне за вмрежување насловен  „Нови европски граници“ (New European Borderlands Jean Monnet Migrant Crisis Network“ – BordEUr“ (2019 – 2022), предводен од Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, во координација на проф. Андрас Салаи (Andras Szalai).
Проектот е од областа на надворешната политика на Европската Унија.

Конкретно, проектот си го поставува прашањето како миграциската криза од 2015 год. влијаеше врз Европската Унија и врз нејзините институции и какви беа одговорите на Европската Унија во однос на тоа. Имено, кризата предизвика големи тешкотии во функционирањето на Шенгенскиот систем токму заради големиот миграциски наплив, но предизвика и големи тензии помеѓу земјите членки заради различните пристапи кон мигрантите, при што одредени земји применуваа политика на отворени врати, додека други прибегнуваа кон секуритизација на миграцијата. Така некои земји подигнаа ѕидови и жичени огради, и воспоставија гранични контролни механизими во рамките на Шенген зоната. Освен тоа, Европската Унија започна да ги екстернализира своите граници преку создавање на т.н. нови „граници“ во Северна Африка, Турција и на Балканот. Тргнувајќи од тоа, фокусот на истражувачите во рамките на мрежата Бордеур е насочен кон следните прашања: 1) Какво значење им придаваат Европската Унија и нејзините земји членки на границите на ЕУ и на нејзините гранични политики? 2) До кој опсег идејата за европска заедница претставува рамка којашто би можела да се користи со цел да се избегне ризикот од уназадување на интеграцијата? 3) Какво е значењето на европските гранични политики во термини на европски идентитет на ЕУ како меѓународен хуманитарен актер? и 4) Како и на кој начин некохерентноста помеѓу промовираниот идентитет и политики би можела да влијае врз односот помеѓу Унијата и нејзините партнери?

Во рамките на проектните активности се предвидени компаративни истражувања за кои исто така ќе се спроведат интервјуа и анкети како во РС Македонија, така и во Албанија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Истите македонскиот тим ќе ги спроведува заедно со Универзитетот во Болоња, во соработка со проф. Стефано Бјанкини (Stefano Bianchini), проф. Соња Лукарели (Sonia Lucarelli) и Марко Ѕопи (Marco Zoppi). Резултатите од истражувањата ќе се презентираат на три конференции, меѓу кои едната ќе биде организирана од страна на Правниот факултет во 2021 г., додека крајните резултати од истражувањето е предивдено да се објават во книга која ќе биде достапна за пошироката јавност.

Во проектот учествуваат вкупно 9 партнер-институции и тоа:  Универзитетот за национална и светска економија во Софија (Бугарија), Универзитетот во Виена (Австрија), Универзитетот Помпеу Фабра во Барселона (Шпанија), Универзитетот „Алма Матер Студиорум“ во Болоња (Италија), Универзитетот Шефилд во Шефилд (Обединето Кралство), Технички универзитет на Блискиот Исток во Анкара (Турција) и Југоисточниот европски ценатар за истражување во Солун (Грција).

Истражувачкиот тим од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е составен од следниве истражувачи:
- д-р Ана Никодиновска-Крстевска, вонреден професор (координатор и истражувач при УГД) и
-  д-р Олга Кошевалиска, вонреден професор (заменик-координатор и истражувач при УГД).

Наскоро ќе биде достапен и веб-сајтот на проектот, но информација за истиот може да најдете на следниов линк: https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/611891-EPP-1-2019-1-HU-EPPJMO-NETWORK.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.