Правниот факултет ви овозможува стекнување теоретско и практично знаење и ви нуди можности за градење на правна кариера! Правниот факултет е посветен на обезбедување висококвалитетно образование кое ги комбинира теоретските правни концепти со практични вештини. Преку широк спектар на студиски програми и извонредни можности за истражување и професионален развој, студентите се подготвуваат за успешни кариери во правото.
Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на високото образование, која преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.
Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв циклус на универзитетски и професионални студии.
Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.
Име и презиме: Никола Велков Факултет и студиска насока: Правен факултет, Правосудна насока Животно мото: Народната поговорка „Човек може да...
Нашите студенти од тимот „A fortiori”, предводени од доц. д-р Елена Максимова и м-р Елена Трајковска, викендов учествуваа на Moot...
Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ активно соработува со различни важни институции и организации за да ги промовира правото и човековите права. Партнерствата со Regional Youth Cooperation Office, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондација Отворено општество ‒ Македонија и други, создаваат платформа за студентите да учествуваат во проекти и иницијативи кои поттикнуваат развој на правната практика. Овие соработки се насочени кон зголемување на правната свест и поддршка на заедницата, истовремено овозможувајќи им на студентите да стекнат практично искуство.