Search

Амбасадорката на Јапонија одржа предавање на УГД: Фокус на надворешната политика и соработката

Споделете

Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, денес оствари работна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, при што одржа и гостинско предавање на Правниот факултет.

Посетата започна со средба со ректорот на УГД, на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу Универзитетот и јапонските институции.

Во рамки на посетата, амбасадорката беше примена и од деканката на Правниот факултет, проф. д-р Билјана Тодорова, која истакна дека ваквите настани претставуваат значајна можност за студентите.

„Ова е одлична можност не само за факултетот, туку и за студентите, кои имаат можност да слушнат предавање од странски дипломат, да постават прашања и директно да се запознаат со меѓународните односи“, изјави Тодорова.

Гостинското предавање беше реализирано на Правниот факултет, каде што амбасадорката Кавахара зборуваше за надворешната политика на Јапонија.

Таа посочи дека целта на предавањето е студентите подетално да се запознаат со пристапот и приоритетите на Јапонија во меѓународните односи.

Настанот предизвика интерес кај студентите, кои имаа можност активно да се вклучат и да поставуваат прашања поврзани со темата.