На 21 април 2026 година, на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип се одржа конститутивната седница на Факултетското студентско собрание.
На седницата, со мнозинство гласови, за претседател на Факултетското студентско собрание беше избрана студентката од прва година Боркица Спасова, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата и ќе го претставува студентскиот интерес на факултетот.

Во рамки на седницата, за членови-претставници во Универзитетското студентско собрание при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип беа избрани Искра Постолова и Ева Георгиева, студентки во трета година.

Конституирањето на новиот состав на Факултетското студентско собрание претставува значаен чекор во насока на унапредување на студентското учество во процесите на одлучување, како и зајакнување на партнерскиот однос помеѓу студентите и академската заедница.

На новоизбраните претставници им посакуваме успешен и продуктивен мандат, исполнет со иницијативност, одговорност и видливи резултати.



