Почитувани,
Ве известуваме дека е објавен петнаесеттиот број на Годишниот зборник на Правен факултет (2025).
Во ова издание учествуваат осумнаесет автори со научноистражувачки трудови од различни области на правната и општествената наука, меѓу кои се вклучени: уставно право, римско право, меѓународно и европско право, трудово право, кривично право, граѓанско право, конкурентско право, како и ракописи со историско-правни и компаративни анализи.
Зборникот има меѓународен уредувачки одбор.
Годишен зборник бр. 15 (2025) (.pdf)
Годишниот зборник публикува едно издание годишно, а Повикот за трудови за следното издание ќе биде отворен од 1 април до 1 јули 2026 година.
Пријатно читање!


