Search

Конкурс за студентски есеи на тема антикорупција – учествувај и освои ваучер за ИТ опрема

Споделете

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со пет национални универзитети, меѓу кои и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го објавува Конкурсот за студентски есеи на теми поврзани со антикорупција и современи општествени предизвици. Конкурсот е отворен за студенти на дипломски и постдипломски студии од: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Југоисточен европски универзитет и Универзитет „Американ колеџ“ – Скопје.

Темите на Конкурсот се:

  • Интегритет и употреба на вештачка интелигенција;
  • Корупција и криптовалути;
  • Кривични аспекти на корупцијата;
  • Корупција и род;
  • Корупција и медиуми.

Целта на Конкурсот е да се поттикне критичко размислување и активно учество на студентите во борбата против корупцијата. Учесниците се охрабруваат преку своите есеи да понудат оригинални идеи, аргументирани ставови и конкретни решенија за намалување на корупцијата во општеството.

Крајниот рок за поднесување на есеи е 21 ноември 2025 година, а авторите на трите најдобри есеи ќе бидат наградени со ваучери за ИТ опрема.

Сакаш да учествуваш? Испрати го твојот есеј на Ana.DespotovskaBogevska@osce.org во PDF формат, без име во документот (за анонимна евалуација). Повеќе информации се достапни на следниов линк: Essay Writing Contest | OSCE

 

Инфо-сесија

За заинтересираните студенти, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе организира онлајн инфо-сесија со попрецизни насоки за тоа како да се подготви конкурентен есеј, една недела пред крајниот рок за поднесување на есеи. За информации во врска со точниот датум и време на сесијата и за добивање на Zoom линк, испратете е-пошта на Ana.DespotovskaBogevska@osce.org и наведете ги вашите податоци за контакт.