Почитувани студенти,
Ве информираме дека е отворен Повик за пријавување на 3. Интернационална Летна школа за сајбер-криминал и сајбер-безбедност (3CS) што ќе се одржи од 5 до 13 јули 2025 година во Букурешт, Романија, во организација на Романско-американскиот универзитет. Оваа програма е дел од Erasmus+ Blended Intensive Programme (BIP) и студентите може да аплицираат за финансиска поддршка преку Erasmus+ мобилност.
ТЕМА ЗА 2025: „Организиран криминал во ерата на вештачката интелигенција и трговија со луѓе“
Што нуди програмата:
- Врвни предавања од експерти од областа на правото, сајбер-безбедноста и вештачката интелигенција;
- Практични работилници и симулации;
- Проектни активности и меѓународна соработка;
- Културни настани и студиска посета на Дунавската делта, како влезна точка во Шенген зоната.
Целна група:
Студенти по право, безбедносни студии, ИКТ, политички науки, општествени науки и сродни области. Програмата е на англиски јазик. Не се бара претходно искуство во областа.
ЕКТС кредити: 3 ЕКТС.
Краен рок за пријавување: 30 мај 2025 г.
Локација: Романско-американски универзитет, Букурешт.
Надомест: Нема котизација. Се уплаќа само неповратен износ од 100 евра за студиската посета (подетално во Повикот).
Финансиска поддршка преку Erasmus+: Можност за добивање на 70 евра/ден за патни трошоци, храна и сместување.
ЛИНК ЗА ПРИЈАВА: Форма за апликација
Контакт за повеќе информации:
- Dr. Silvia Tabusca – cdom@rau.ro
- Dr. Andrei Luchici – crai@rau.ro