Search

Промоција на истражувачката книга „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” во Штип

Споделете

На 6 април 2026 година (понеделник), со почеток во 12 часот, во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип ќе се одржи промоција на најновата истражувачка книга „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)”.

Станува збор за значајно дело кое обработува важен период од општествено-економскиот развој, со посебен фокус на функционирањето и пропаѓањето на текстилниот комбинат „Македонка“.

Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Билјана Тодорова, декан на Правниот факултет, и проф. д-р Страшко Стојановски, продекан на Правниот факултет. Издавач на книгата е НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, додека извадоци од делото ќе интерпретираат студенти од Правен факултет.

Веднаш по промоцијата ќе биде отворена и изложба на фотографии од ТК „Македонка“, преку која ќе се прикаже историскиот развој на работниот колектив. Автор на изложбата е проф. д-р Андон Мајхошев.

Настанот претставува значаен придонес кон академската и јавната дебата за индустриското наследство и економските трансформации во земјава.