Search

Наставна мобилност на професор од Универзитетот во Батуми, Грузија, на Правен факултет при УГД

Споделете

Во периодот од 17 до 21 ноември 2025 година, професор Соломон Менабдишвили од Правен факултет на Државниот универзитет „Шота Руставели“ во Батуми, Грузија, оствари мобилност за предавања во рамки на програмата Еразмус+.

Мобилноста вклучи изведување на академска настава, посветена на теми од областа на  облигационото право, деловното право и финансовото право, со што професорот им ги претстави на нашите студенти принципите и практиките на грузискиот правен систем и хармонизацијата со ЕУ правото.

Целта на мобилноста беше унапредување на академската соработка меѓу двете институции, размена на наставни практики, интернационализација на студиските програми и поттикнување на идни заеднички активности и партнерства.

Наставната мобилност е поддржана од програмата Еразмус+ (Клучна акција 1) и претставува значаен чекор кон продлабочување на меѓународната академска поврзаност на Правен факултет при УГД.