Search

Наставна мобилност на професор од Универзитетот во Батуми, Грузија на Правниот факултет при УГД

Споделете

Во периодот од 4 до 11 јуни 2026 година, професор Адам Махарадзе од Државниот универзитет „Шота Руставели“ во Батуми, Грузија, оствари посета на Правниот факултет и мобилност за предавања во рамки на програмата Еразмус+.

Мобилноста вклучи серија предавања од областа на право, со што професорот зборуваше за правните предизвици за заштита на правата, како и принципите и практиките на грузискиот правен систем.

Целта на мобилноста беше унапредување на академската соработка меѓу двете институции, размена на наставни практики, интернационализација на студиските програми и поттикнување на идни заеднички активности и партнерства.

Наставната мобилност е поддржана од програмата Еразмус+ (Клучна акција 1) и претставува значаен чекор кон продлабочување на меѓународната академска поврзаност на Правниот факултет при УГД.