Во периодот од 4 до 10 јуни 2025 година, проф. д-р Марија Амповска и проф. д-р Кристина Мишева од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип реализираа наставна мобилност на Правниот факултет при Државниот универзитет „Шота Руставели“ во Батуми, Грузија, во рамки на програмата Еразмус+.

Мобилноста вклучи изведување на академска настава, посветена на теми од областа на македонското облигационо право, отштетното право, правото на друштва и корпоративно право, како и влијанието на европското право на домашната регулатива.

Целта на мобилноста беше унапредување на академската соработка меѓу двете институции, размена на наставни практики, интернационализација на студиските програми и поттикнување на идни заеднички активности и партнерства.

Наставната мобилност е поддржана од програмата Еразмус+ (Клучна акција 1) и претставува значаен чекор кон продлабочување на меѓународната академска поврзаност на Правниот факултет при УГД.

Линк до објавата за предавањата на професор Амповска 2025 წლის 4-10… – იურიდიული და სოციალურ მეცნიერებათა ფაკულტეტი | Facebook
Линк до објавата за предавањата на професор Мишева 2025 წლის 4-10… – იურიდიული და სოციალურ მეცნიერებათა ფაკულტეტი | Facebook



