Се покануваат сите заинтересирани автори да достават трудови за следното издание на списанието „EUWEB Legal Essays. Global & International Perspectives“ бр. 2/2025, кое ќе биде објавено на 31 јули 2025 година.
Во списанието може да се објавуваат трудови коишто се од областа на проширување на Европската Унија и идни перспективи на политиката на проширување на ЕУ, надворешни граници на Европската Унија и политиката на соседство, прекугранична безбедност, миграции и азил, борба против транснационален криминал, полициска и судска соработка, промоција и заштита на вредностите на Европската Унија, како и човековите правата на сите индивидуи.
Рокот за доставување на апстракти (до 250 зборови) е 30 април 2025 година.
Целосните трудови треба да се испратат најдоцна до 15 јуни 2025 година. Целосните трудови подлежат на процес на двојна анонимна рецензија.
Своите апстракти можете да ги испратите на следнава адреса: info@euweb.org.
За дополнителни информации посетете ја официјалната веб-страница на списанието: https://www.euweb.org.