Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за шеснаесеттиот број на Годишен зборник на Факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со ваш ракопис во овогодишниот број на Зборникот.
Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата. Отворен е за автори кои доаѓаат од академската заедница, вклучувајќи студенти запишани на трет циклус студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски и на англиски јазик.
Правилата за изработка на трудовите се составен дел од овој Повик.
Повикот за доставување на трудови е отворен до 1 октомври 2026 г. и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на elena.trajkovska@ugd.edu.mk
За повеќе информации обратете се на ana.nikodinovska@ugd.edu.mk и elena.trajkovska@ugd.edu.mk.
УПАТСТВО ЗА АВТОРИТЕ ЗА ГОДИШЕН ЗБОРНИК (.pdf)
НАПОМЕНА: Трудовите во однос на цитирањето треба да бидат доставени во APA Style.


