Search

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСТВО НА ОБУКА во програма за микроквалификација на тема „Управување и надзор во безбедносниот сектор“

Споделете

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Северна Македонија, преку Центарот за доживотно учење, објавува Повик за учество на обука во програма за микроквалификација на тема „Управување и надзор во безбедносниот сектор“.

Програмата е конципирана и структурирана како интердисциплинарна, десетдневна обука која има за цел да обезбеди продлабочено разбирање на демократското управување, реформата и надзорот на разузнавачко-безбедносниот сектор, во согласност со принципите на владеење на правото, човековите права и транспарентноста.

Програмата е во согласност со Препораката на Советот на ЕУ од 16 јуни 2022 година за европски пристап кон микрокреденцијали (2022/C 243/02). Оваа програмата е развиена со поддршка на ДЦАФ-Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор и во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, со цел да одговори на реалните потреби за зајакнување на демократскиот надзор и јавната отчетност во безбедносниот сектор. Оваа активност е дел од Програмата за реформи на разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026) имплементирана од ДЦАФ и поддржана од Швајцарија, Шведска и од Холандија.

Цел на програмата

Програмата има за цел да ги зајакне знаењата и практичните вештини на учесниците за:

  • разбирање на структурата и функционирањето на безбедносниот сектор;
  • анализа на безбедносните политики и законодавство;
  • следење и известување за реформските процеси;
  • активно учество во демократскиот граѓански надзор и јавниот дискурс.

 

Кој може да аплицира?

Повикот е наменет за:

  • претставници на граѓански организации;
  • новинари и медиумски работници (вклучително и млади и аспиративни новинари);
  • истражувачи и претставници на тинк тенк организации;
  • студенти од прв, втор и трет циклус на студии на новинарство.

 

Што опфаќа програмата?

Програмата е структурирана во релевантни тематски модули, меѓу кои:

  • безбедносен сектор и реформски процеси;
  • демократски надзор и улогата на граѓанското општество и медиумите;
  • човекови права и национална безбедност;
  • приватност и заштита на лични податоци;
  • родова перспектива и агендата „Жени, мир и безбедност“;
  • интегритет и антикорупција;
  • сајбер-безбедност и дигитална трансформација;
  • пристапите на НАТО и ЕУ во реформата на безбедносниот сектор;
  • постлегислативна контрола на безбедносни закони и политики.

 

Пристап на учење

Наставата се реализира преку:

  • интерактивни предавања;
  • студии на случај;
  • практични вежби и симулации;
  • работа во групи и дискусии.

 

Програмата ќе се реализира од страна на професори од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, како и експерти од практиката, вклучително и етаблирани новинари и претставници на граѓански организации.

Програмата комбинира теоретско знаење со практична примена, со фокус на развој на аналитички, истражувачки и комуникациски вештини.

Сертификација

  • По успешно завршување, учесниците ќе добијат сертификат од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Јазик на реализација

  • Македонски јазик.

 

Времетраење на програмата

  • Програмата ќе започне на 16.9.2026 година и ќе се реализира еднаш неделно, во периодот од 16.9.2026 година до 18.11.2026 година.

Видео:  https://www.youtube.com/watch?v=KYJkPFYVvZA

Локација

  • Тренинг центар на Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Котизација

  • Оваа пилот-програма ќе се реализира без финансиски надомест од учесниците.

________________________________________

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) на следнава е-адреса: cdu@ugd.edu.mk, заедно со пријава што ја има во прилог на овој Повик.

Пријава за учество на обука на тема Управување и надзор во безбедносен сектор Септември 2026 ЦДУУГД

Краен рок за аплицирање: 15 септември 2026 година.