Search

Предавања на професор д-р Руи Каскао од Универзитетот „Лузофона“ во Порто, Португалија

Споделете

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на 1 април 2026 година, беше домаќин на проф. д-р Руи Каскао од Факултетот за право и политички науки на Универзитетот „Лузофона“ во Порто, Португалија.

По покана на раководителката на Катедрата за граѓанско право, проф. д-р Марија Амповска, гостинот пред студентите на Правниот факултет одржа предавање на исклучително актуелната тема: „Регулаторни исклучоци и исклучоци кај граѓанско-правната  одговорност за софтвер со отворен код во Регулативата за вештачка интелигенција на ЕУ и ревидираната Директива за одговорност за неисправен производ на ЕУ“

Предавањето предизвика голем интерес и поттикна плодна дискусија за односот помеѓу правото и технологијата, особено во контекст на вештачката интелигенција и одговорноста во дигиталната ера.

Двата универзитети се во процес на склучување Еразмус+ меѓуинституционална спогодба за соработка, со што се отвора можност за мобилност на студенти и наставнички кадар, како и за реализација на заеднички научни и образовни проекти. Ова гостување претставува само еден чекор кон воспоставување на долгорочна меѓународна соработка и интензивирање на идните заеднички активности меѓу двете институции.