Проф. д-р Марија Амповска, раководител на Катедрата по граѓанско право на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, реализираше работна посета и предавања во Американскиот универзитет во Рас ал Хаима (AURAK), Обединети Арапски Емирати.
Мобилноста се одржа од 19 до 26 јануари 2026 година, во рамките на програмата Еразмус+ за мобилност на наставнички кадар. Во текот на посетата, проф. д-р Амповска одржа осум часа настава на англиски јазик за студентите на AURAK.
Темите на наставата беа од областа на правото и вештачката интелигенција, со фокус на две современи прашања: заштита на авторските права во контекст на генерирана содржина од вештачка интелигенција и граѓанско-правна одговорност за системите на вештачка интелигенција.
Оваа активност ја засили меѓународната соработка и размената на знаење меѓу двата универзитети.


