Професор д-р Јорданка Галева од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип во октомври беше на студиска посета во Баку, Азербејџан.
Во рамките на оваа посета оствари средба со универзитетски професори од Азербејџанскиот универзитет во Баку и одржа предавање за студентите на втор циклус студии на тема „Малцинските прашања и промоција на мултикултурализмот во Азербејџан и Македонија”. Во рамките на престојот учествуваше и во активности организирани од Организацијата за поддршка на развој и образование на жените во Азербејџан, учествувајќи како почесен гостин на Форумот за развој на жени во Азербејџан, кој се одржа во Центарот за развој на културни и креативни индустрии.
Оваа посета на проф. д-р Јорданка Галева, како и посетата на универзитетската професорка д-р. Ајнура Рашидова од Азербејџанскот универзитет и директорката Ајгун Ахмадова од Организацијата за поддршка на развој и образование на жените во Азербејџан, кои во септември остварија средба со деканката на Правниот факултет, професор д-р Билјана Тодорова, и учествуваа на 12 Меѓународна научна нонференција „Општествени промени во глобалниот свет” во Штип, претставува започнување на меѓународна академска соработка и развој на односите помеѓу институциите, кои наскоро ќе бидат и официјализирани со меморандум за соработка.


