ЕУ - Западен Балкан, соработка во областа на правдата и внатрешните работи

  • Вторник, 02 Март 2021 12:24
ЕУ - Западен Балкан, соработка во областа на правдата и внатрешните работи

На 3 март 2021 со почеток во 14.30 часот на платформата “Microsoft Teams” ќе се одржи инаугурална конференција за второто издание на Жан Моне модулот „ЕУ - Западен Балкан, соработка во областа на правдата и внатрешните работи“  (EU-Western Balkans Cooperation on Justice and Home Affairs - EUWEB).

Конференцијата ќе ја отвори Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли (David Sassoli) и воведни говори ќе имаат проф. Винченцо Лоја (Vincezo Loia), ректор на Унвиерзитетот на Салерно, Џовани Шанкалепоре (Giovanni Sciancalepore), шеф на Катедрата за правни науки, Франческо Фазолино (Francesco Fasolino), претседател на Советот за настава при Катедрата за правни науки, и д-р Гентиан Јахиоли Gentian Jahjolli (Судија при Основниот суд во Скадар).

Конференцијата ќе ги отвори неделните високоспецијализирани образовни курсеви посветени на различни теми од областа на правдата и внатрешните работи како што се: миграцијата, азилот, граничната контрола, борбата против транснационалниот криминал, полициската и судската соработка како и заштитата на човековите права. Сето ова во насока на идно пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската унија. Курсевите се наменети за студенти од прв, втор и трет циклус на студии, како и разни чинители или стејкхолдери (правни лица, судии, адвокати, полициски службеници, административни службеници и слично), кои се засегнати или пројавуваат интерес кон темата.

Модулот Жан Моне – EUWEB е предводен од Универзитетот во Салерно (www.euweb.org), во соработка со Правниот факултет, УГД – Штип и Правниот факултет при Универзитетот во Валона, Албанија, кои учествуваат како партнер институции. Како предавачи на модулот од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се вклучени проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска, проф. д-р Олга Кошевалиска, доц. д-р Елена Максимова, проф. д-р Жанета Попоска, доц. д-р Јасмина Димитриева и како претставници на стејкхолдерите во проектот за Македонија се вклучени Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација ЛЕГИС и Зоран Дранговски од Македонско здружение на млади правници.
Конференцијата ќе може да ја следат пријавените учесници во модулот.

Тука може да ја најдете агендата на конференцијата и учесниците на конференцијата.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.