Правните факултети на универзитетите „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Државен универзитет – Тетово ја организираа втората по ред Студентска конференција „Студентската мисла во правото, политиката и општеството“.

Конференцијата се одржа на Правниот факултет при УГД, а со свои трудови учествуваа студенти од сите три факултети, во три сесии – Антидискриминација, превенција на говор од омраза и криминал од омраза, Право и Политика. Доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска истакна дека оваа активност е една од многуте кои се организираат во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во рамките на проектните активности од проектот „Превенција на дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза“. Во овој проект и претходно се остварени дебати, работилници, посети на институции.

- Ова е Втора конференција, следи по една претходно организирана која подетално говореше за социјални нееднаквости, превенција на криминал од омраза. Но темата за Втората конференција решивме да биде поопширна, да опфати повеќе теми од областа на правото, политиката, со цел да им дадеме можност на студентите да се вклучат во истражувачките води, да дискутираат, да даваат нови идеи и концепти, да изнаоѓаат нови решенија, бидејќи знаеме дека отсекогаш студентите биле стожерот и двигателот на едно современо општество и отсекогаш доаѓале со тие нови идеи. Во последните години за студентите најинтересно е казненото право и кривичните постапки, тоа им е така поопиплива материја, но и граѓанското право е сѐ поприсутно, присутни се темите на превенција од дискриминација, од говор на омраза, како и човековите права. Исто така, во последно време студентите пројавуваат интерес и за европското право, во следнава година од тие причини воспоставуваме мастер за втор циклус токму за европско право – изјави доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска.

Со свои трудови учествуваа 24 студенти, меѓу кои и Иван Николов од УГД, кој говореше на тема Независноста на македонското судство и владеење на правото.

- Сметав дека оваа тема е најинтересна во моментот, особено со оглед на фактот што судството секојдневно е на удар на медиумите. Мојот заклучок е дека до ден-денес во Македонија секоја политичка гарнитура што доаѓа на власт нејзин прв потег е напад на судството, сметам дека има доволно меѓународни документи кои ја регулираат независноста на судството и се преточени во македонското законодавство, но мислам дека судскиот совет треба да врши надзор на судовите и да ги оттргне политичарите од судската фела - изјави Николов.

 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.