Search

Соопштение – избор за членови на факултетско студентско собрание

Споделете

Се известуваат сите студенти на прв, втор и трет циклус студии на правен факултет дека изборите за членови на факултетско студентско собрание на правен факултет ќе се одржат на 28 март 2025 година (петок) по електронски пат, со тоа што сите студенти на денот на гласањето на нивните студентски електронски адреси ќе добијат линкови за гласање.

Сите заинтересирани студенти кои сакаат да се пријават за членови на факултетско студентско собрание треба да достават електронска пријава која треба да е потпишана и скенирана, со назнака дека се пријавуваат за член на факултетско студентско собрание на следнивe адреси:

 

или по пошта на адреса ул. „крсте мисирков“ бр. 10 а, 2000 Штип.

Пријавувањето е до 7 март 2025 година (петок).