Search

Додипломски студии (Прв циклус)

Студиски програми

Правниот факултет нуди додипломски студии кои им овозможуваат на студентите да се стекнат со основни знаења во правните науки и вештини за практично правно работење.

Програмите ги опфаќаат сите релевантни правни дисциплини, како што се: граѓанско право, кривично право, меѓународно право и административно право.

Студентите се подготвуваат за различни професионални улоги, како што се: адвокати, судии, јавни обвинители, правни советници и др.

Наставната програма по Правни студии на дипломираните студенти им обезбедува силна основа во правната теорија, законодавството, правосудството и практичното спроведување на законите. Овие знаења и вештини можат да се применат во широк спектар на кариери во јавниот и приватниот сектор, вклучувајќи адвокатура, судство, консултантски услуги, државна администрација, како и правни оддели во компании и меѓународни организации.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран правник, VI A (НРК) (Bachelor in law, VI A (NQF)

Дел од носечките предмети на насоката Финансии вклучуваат:

  1. Уставно право
  2. Теорија на државата и правото
  3. Римско право
  4. Социологија на правото
  5. Граѓанско право
  6. Облигационо право
  7. Казнено право
  8. Трговско право
  9. Трудово право
  10. Финансово право
  11. Административно право
  12. Семејно право
  13. Наследно право
  14. Меѓународно јавно право
  15. Право на Европска Унија
  16. Договорно право
  17. Кривично процесно право
  18. Граѓанско процесно право
  19. Право на друштва
  20. Стварно право

 

По завршување на третата година од студиите (шести семестар), студентите имаат можност да изберат еден од следниве модули (седми и осми семестар):

  • Модул Казнено право
  • Модул Деловно право
  • Модул Граѓанско право
  • Модул Меѓународно право и меѓународни односи

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/pravni-studii.pdf

Во текот на студиите на програмата по додипломски Правни студии, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:

Анализа на правни текстови – способност за критичко толкување и анализирање на закони, прописи и правна литература.

Применување на правни норми – разбирање на правните принципи и нивната примена во конкретни правни ситуации.

Истражување и правна аргументација – развој на истражувачки способности и вештини за градење правни аргументи и мислења.

Пишување на правни документи – вештина за изготвување точни и ефективни правни документи како што се: договори, тужби и правни мислења.

Усно застапување – способност за јавно говорење и застапување на правни ставови пред судови и други институции.

Етичко однесување – разбирање и применување на професионалната етика и одговорност во правната професија.

Меѓународно право и компаративни правни системи – знаење за правните системи на други држави и примена на меѓународните правни норми.

Алтернативно решавање на спорови – познавање и примена на медијација и арбитража како алтернативи на судскиот процес.

Со завршување на правните студии на студентите им се отвора можност за кариера како:

  • Членови на законодавни и извршни тела
  • Државни функционери
  • Раководни државни службеници и дипломати
  • Државни функционери во извршната власт и судството
  • Јавни обвинители
  • Народни правобранители (омбудсмани)
  • Судии
  • Нотари
  • Извршители
  • Адвокати
  • Правни, општествени и културни стручни соработници.

Студиска програма Правни студии (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/pravni-studii.pdf)

Важни информации при упис на прв циклус (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-upis)

Важни информации за запишаните студенти (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-stu)

Акредитација (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/pravni-studii-akreditacija.pdf)

Решение за почеток со работа (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/pravni-studii-resenie-za-rabota.pdf)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (https://pf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi/prv-ciklus)

Студиската програма Медиумски студии и односи со јавноста ги опфаќа клучните аспекти на медиумската комуникација, односите со јавноста, како и стратегиите за креирање и управување со јавни слики и репутации. Оваа програма има за цел да ги подготви студентите со теоретски и практични вештини за ефективно комуницирање во медиумскиот пејзаж и за управување со комуникацијата во организации, компании и јавни институции. Покрај тоа, студиската програма се фокусира и на развојот на креативноста, критичкото размислување, како и на разбирање на новите дигитални медиуми и нивното влијание врз општеството.

Студиската програма се реализира во траење од 3 години, односно шест семестри и носи 180 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на тригодишните академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран новинар и менаџер за односи со јавност, VI Б (НРК) (BA in Journalist and manager for public relations, VI В (NQF).

Дел од носечките предмети на насоката Медиумски студии и односи со јавноста вклучуваат:

  1. Вовед во новинарството

  2. Историја на новинарството

  3. Електрични мерења

  4. Слобода на медиуми и изразување

  5. Медиумско право и етика

  6. Јавен говор и јавен настап

  7. Односи со јавност

  8. Меѓународни односи

  9. Радио, ТВ новинарство, On-line медиуми

  10. Основи на комуникација

  11. Македонски јазик и култура на изразувањето

  12. Известувачко новинарство

  13. Култура на комуницирање

  14. Истражувачко новинарство

  15. Геополитика

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/mediumski-studii.pdf

Во текот на студиите на програмата по Медиумски студии и односи со јавноста, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:

  • Стекнување на знаење и разбирање на современите теоретски концепти на медиумите, новинарството и односите со јавноста, поимање и толкување на одделните феномени и сегменти на новинарството и односите со јавноста.
  • Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со новинарството и односите со јавноста.
  • Применуваат знаење и разбирање за случувањата во медиумите, новинарството и односите со јавноста, особено на потребата од објективно и професионално информирање.
  • Способност за проценка на вредноста на информацијата, за итноста на информирањето, како и за начинот и формата за нејзиното пренесување во јавноста.
  • Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето, за оригинална и самостојна анализа и истражување во областа на новинарството и односите со јавноста.
  • Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при некомплетни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка.
  • Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.
  • Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на истите, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.

Дипломираните студенти од програмата Медиумски студии и односи со јавноста имаат одлични можности за професионален развој во различни области поврзани со медиумите и комуникацијата. Тие можат да се вклучат во активности кои опфаќаат креирање и управување со медиумски содржини, како и комуникациски стратегии за јавни и приватни институции. Дополнително, дипломците се квалификувани да ја развиваат својата кариера како медиумски консултанти, истражувачи на јавно мислење, стратези за односи со јавноста или советници за управување со корпоративната репутација.

Студиската програма е дизајнирана да одговори на современите потреби на пазарот на трудот, со фокус на практичните вештини и знаења кои се барани од работодавците. Студентите се подготвени за позиции како:

  • истражувачи на медиуми,
  • комуникациски советници,
  • консултанти за медиумски стратегии,
  • уредници на содржини за дигитални платформи и
  • специјалисти за односи со јавност.

 

Тие, исто така, можат да најдат работа во институции што се занимаваат со медиумско следење, истражување на јавното мислење и креирање на стратегии за комуникација со јавноста.

Студиска програма Медиумски студии и односи со јавноста (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/mediumski-studii.pdf)

Важни информации при упис на прв циклус (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-upis)

Важни информации за запишаните студенти (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-stu)

Акредитација (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/mediumski-studii-akreditacija.pdf)

Решение за почеток со работа (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/mediumski-studii-resenie-za-rabota.pdf)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi/prv-ciklus

Програмата по International Law and International Relations е дизајнирана да ги опреми студентите со сеопфатна основа во меѓународното право, глобалната политика и дипломатските односи. Студентите ќе стекнат вештини за анализирање и решавање на правни и политички проблеми од меѓународен карактер, како и критичко размислување за глобалните предизвици. Покрај тоа, програмата ги подготвува студентите за работа во меѓународни организации, дипломатски мисии и невладини организации кои се занимаваат со прашања од глобален интерес.

Студиската програма се реализира во траење од 3 години, односно осум семестри и носи 180 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Bachеlor in International Law and International Relations VI B (NQF)

Дел од носечките предмети на насоката International Law and International Relations вклучуваат:

  1. Introduction to International Relations
  2. Introduction to International Public Law
  3. Theory of State and Law
  4. International Organizations
  5. Comparative Political Systems
  6. Comparative Constitutional law
  7. Introduction to Diplomacy
  8. Political Sociology
  9. NATO and Collective Security Systems
  10. International Criminal law
  11. European Union Institutions and Policies
  12. Comparative Company Law
  13. European Union Law
  14. Human Resource Management in International Organizations
  15. International Trade Law
  16. International Tort Law
  17. International Environmental Law
  18. International Family Law
  19. Criminology
  20. International Labor Law

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/International-Law.pdf

Програмата за додипломски студии по International Law and International Relations им овозможува на студентите да стекнат богати знаења и вештини вклучувајќи:

  1. Разбирање на меѓународното право – студентите ќе научат да ги анализираат основните принципи на меѓународното право, како што се: суверенитетот, човековите права и глобалните регулативи.
  2. Дипломатски и политички вештини – студентите ќе развијат вештини за преговарање, посредување и дипломатија, кои се потребни за работа во меѓународни односи.
  3. Анализа на глобални политички прашања – ќе стекнат способност за критичко размислување и анализа на политички процеси, конфликти и меѓународни односи.
  4. Истражувачки и правни вештини – програмата ги опремува студентите со методологии за истражување и анализа на меѓународни правни прашања и договори.
  5. Меѓукултурна комуникација – студентите ќе развијат вештини за ефективна комуникација и соработка со различни култури и нации во глобален контекст.
  6. Етика и глобална одговорност – ќе се стекнат со разбирање за етичките димензии на меѓународните односи и одговорноста на глобалните актери.

По завршувањето на додипломските студии по International Law and International Relations, стекнатите знаења се применуваат во широк спектар на области, како што се:

  1. Меѓународни организации – студентите можат да работат во институции како што се Обединетите нации, Европската Унија, Светската трговска организација и други глобални тела кои се занимаваат со меѓународни прашања.
  2. Дипломатија и владини служби – знаењата се применливи во дипломатските мисии, министерствата за надворешни работи и амбасадите, каде што се бара разбирање на меѓународната политика и право.
  3. Невладини организации (НВО) – студентите можат да работат на различни глобални иницијативи за човекови права, одржлив развој, хуманитарни прашања и меѓународна помош.
  4. Корпоративен сектор – компаниите што работат глобално имаат потреба од правници и стручњаци за меѓународни односи за да управуваат со меѓународни договори, регулативи и пазари.
  5. Академија и истражување – знаењата се применуваат во академските институции, каде што може да се спроведуваат истражувања и предавања поврзани со меѓународното право и односи.
  6. Меѓународна арбитража и решавање спорови – студентите можат да работат на решавање меѓународни правни спорови преку арбитража, медијација или судски процеси.

Студиска програма (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/International-Law.pdf)

Важни информации при упис на прв циклус (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-upis)

Важни информации за запишаните студенти (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-stu)

Акредитација (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/International-Law-akreditacija.pdf)

Решение за почеток со работа (Линк: https://pf.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021/International-Law-resenie-za-rabota.pdf)

Важни информации при упис на прв циклус (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-upis)

Важни информации за запишаните студенти (Линк: https://www.ugd.edu.mk/studiranje/prv-ciklus-studii-vodic/#a-stu)