Search

Постдипломски студии (втор циклус)

Студиски програми

Постдипломските студии на Правниот факултет нудат напредни академски програми за студенти кои сакаат да специјализираат во одредени области од правото. Преку магистерските студии, студентите можат да го продлабочат своето знаење во области како казнено право, јавна администрација, демократски институции и човекови права, меѓународно и европско право, деловно право и граѓанско право. По завршување на овие студии, студентите се стекнуваат со звањето магистер во соодветната област, што им отвора можности за напредок во кариерата и понатамошен развој.

Студиската програма Казнено право втор циклус постдипломски студии овозможува за студентите стекнување знаења од областите на казненото право, кривичната постапка, казнената политика и меѓународното казнено право. Програмата нуди можност за студентот да се стекне со знаења потребни за темелна анализа на правните рамки, законодавните реформи и практиката во казненото право, како и за разбирање на механизмите за спроведување на правдата.
Важноста на програмата е во тоа што нуди можност за студентот по нејзино завршување да се специјализира во областа на казненото право, а притоа да се применуваат стекнатите знаења и вештини поврзани со истражување на кривични дела, кривично правосудство и процесирање на случаи пред судовите. Стекнатите знаења и вештини нудат можност за вклучување на студентите на пазарот на труд во различни области како правосудството, државните обвинителства, адвокатските канцеларии, како и во институциите за спроведување на законот, каде што ќе имплементираат стекнатите вештини.

Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно двa семестра и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.


Со завршување на едногодишни академски студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер по правни науки од областа на казненото право (Master of Laws in Criminal law)


Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).

Структурата на студиската програма Казнено право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.

Задолжителни предмети:

  1. Методологија и организација на научноистражувачка работа
  2. Казнено право
  3. Пенологија
  4. Криминологија
  5. Казнено процесно право
  6. Казнено процесно право

 

Изборни предмети:

  1. Адвокатско право
  2. Медицинско казнено право
  3. Казнено право применета програма
  4. Деловно казнено право
  5. Правда и внатрешни работи на ЕУ
  6. Криминалистика
  7. Даночно право
  8. Отштетно право
  9. Алтернативно решавање на спорови
  10. Надворешна, безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија
  11. Компјутерски криминалитет

 

Целата структура на студиската програма Казнено право (60 ЕКТС) можете да ја погледнете тука

Во текот на студиите на програмата по Казнено право на втор циклус постдипломски студии (60 ЕКТС), студентите ги стекнуваат следниве применливи знаења и вештини:

 

Методологија на истражување: Развивање на вештини за спроведување научни истражувања, анализа на правни и казнени системи и критичка оценка на теоретски и практични аспекти од казненото право.

Казнено право: Продлабочување на разбирањето на казненото законодавство, видовите кривични дела и санкции, како и процесите поврзани со нивната примена.

Пенологија: Стекнување знаења за третманот на сторителите на кривични дела, казнените санкции и нивното влијание врз ресоцијализацијата на осудените лица.

Криминологија:  Истражување на причините за криминалитет, социјалните и економските фактори кои влијаат на криминалното однесување, како и модели за спречување на криминалот.

Казнена процедура: Запознавање со правните процеси поврзани со истрагата, судењето и казнувањето на сторителите, како и заштита на правата на обвинетите и жртвите.

Меѓународно казнено право: Разбирање на меѓународните стандарди за казнено право, соработка меѓу државите и улогата на меѓународните организации и судови.

Правни и истражни техники: Применливи вештини за анализа на докази, правни аргументации и користење на законодавство и судска практика.

Етика и правда: Разбирање на етичките дилеми во правната практика и одржување на професионални стандарди во работата со казнените случаи.

По завршувањето на вториот циклус постдипломски студии по Казнено право (60 ЕКТС), студентите имаат широк спектар на кариерни можности во различни сектори. Некои од главните можности вклучуваат:

 

  1. Правосудни институции 
  • Судија за казнени дела: Работење како судија во кривични судови, одлучување за казнени случаи и донесување пресуди.
  • Јавен обвинител: Преземање улога на јавен обвинител, водење истраги и застапување на обвинението во судски постапки.
  • Адвокат за казнени дела: Претставување и заштита на интересите на обвинетите во кривични постапки.

 

  1. Полиција и органи на внатрешна безбедност
  • Криминалист: Работење во истражување на криминалистички случаи, прибирање и анализа на докази и спроведување истраги.
  • Офицер за безбедност: Работа во органи на внатрешна безбедност, истраги поврзани со организиран криминал, тероризам и кибер криминал.

 

  1. Јавна администрација и државни институции
  • Советник за казнена политика: Работа во владини институции за креирање и имплементација на казнени политики и реформи.
  • Правен советник: Советување на државни органи и министерства за правни прашања поврзани со казненото законодавство.</li >

 

  1. Меѓународни организации и институции
  • Работа во меѓународни судови: Застапување во случаи пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) или други меѓународни судски тела.
  • Експерт за меѓународно казнено право: Работа во меѓународни организации (ООН, Европска Унија) на теми како што се меѓународната правда и борба против тероризмот.

 

  1. Невладини организации и адвокатура
  • Активист за човекови права: Работа во невладини организации кои се занимаваат со заштита на правата на обвинетите и жртвите на казнени дела.
  • Правен советник во НВО: Советување и застапување на жртви на криминални дела, особено во случаи поврзани со човекови права.

 

  1. Бизнис сектор
  • Експерт за корпоративна криминологија: Советување на компании во врска со правни ризици поврзани со казнено право, компјутерски криминал и деловно казнено право.
  • Правен консултант за кибер криминал: Специјализирана позиција во компании за сајбер безбедност, спречување на кибер криминал и заштита на дигитални податоци.

 

Студиска програма Казнено право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) (Линк)

Решение за акредитација на студиската програма Казнено право (60 ЕКТС) (Линк)

Решение за почеток со работа на студиската програма Казнено право (60 ЕКТС) (Линк )

Структурата на студиската програма по Јавна администрација на студентите од втор циклус на студии им овозможува да стекнат продлабочени и унапредени знаења за функционирањето на јавната администрација, правните и политичките системи, како и за јавните политики и менаџментот во јавниот сектор.

Студентите на овој циклус на студии стекнуваат проширени знаења од подрачјето на управување со човечките ресурси, јавниот менаџмент, политичките партии, демократските институции, како и одржливиот развој и правниот поредок на Европската Унија.

 

Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестрa и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на едногодишните студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: 

Магистер по Јавна администрација (Master of public administration)

Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.

Структурата на студиската програма Јавна администрација (постдипломски студии, 60 ЕКТС) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.

Задолжителни предмети:

  1. Методологија на научноистражувачка работа
  2. Современа јавна администрација
  3. Применета политика
  4. Здруженија на граѓани и фондации
  5. Модели на одлучување

 
Изборни предмети:

  1. Управување со човечките ресурси во јавната администрација
  1. Службенички систем
  1. Јавни служби
  1. Политички партии
  2. Демократски институции во мултикултурно општество
  3. Јавен менаџмент
  4. Институционален и правен поредок на Европската Унија
  5. Политики за одржлив развој

 
Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк

Во текот на студиите на програмата по Јавна администрација, студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:
 

  • Продлабочени разбирања на правните, институционалните и организациските структури во јавната администрација.
  • Познавање на современите модели на управување и одлучување во јавниот сектор.
  • Специјализирани знаења за управување со човечките ресурси, службеничкиот систем и јавните служби.
  • Разбирање на политички процеси, особено улогата на политичките партии и демократијата во мултикултурни општества.
  • Знаења за институционалниот и правниот поредок на Европската Унија, како и политики за одржлив развој.
  • Способност за анализа и креирање на јавни политики и донесување одлуки во јавниот сектор.
  • Критичко размислување и способност за решавање на проблеми поврзани со управување и организациски промени во јавната администрација.
  • Планирање и управување со човечки ресурси во јавни институции, со фокус на професионализација и ефикасност.
  • Способност за ефикасна комуникација и координација во мултикултурни и политички контексти.

 
Применливи вештини за управување со јавни организации и нивна адаптација на современите предизвици.

По завршување на втор циклус студии по Јавна администрација (постдипломски студии, 60 ЕКТС) студентите имаат широк спектар на кариерни можности во различни сектори, како јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Некои од главните можности за кариера вклучуваат:

 

  1. Државна администрација и јавни институции
  • Државен службеник: Работење во министерства, агенции и други државни институции, во улоги како советник, координатор или раководител на одделенија.
  • Јавен менаџер: Раководење со јавни институции или јавни проекти, планирање и спроведување на јавни политики.
  • Советник за јавни политики: Креирање и анализирање на јавни политики, имплементација на реформи и мониторинг на ефектите од тие политики.

 

  1. Локална самоуправа
  • Раководител на одделение за јавна администрација: Управување со општински служби, планирање и реализација на локални јавни услуги.
  • Советник за локални политики: Спроведување и советување за локални јавни проекти и развојни програми.

 

  1. Невладини организации и меѓународни институции
  • Проектен менаџер: Управување со проекти во невладини организации (НВО) поврзани со демократија, човекови права, добро владеење и јавни политики.
  • Експерт за меѓународна соработка: Работа во меѓународни организации (ООН, ЕУ) или проекти за зајакнување на јавните институции и демократијата.

 

  1. Приватен сектор
  • Консултант за јавен менаџмент: Консултантска работа за оптимизирање на јавните услуги, ефикасност на администрацијата и менаџмент на јавни ресурси.
  • Правен советник: Советување на компании кои соработуваат со јавни институции или работат на јавни проекти, особено во однос на нормативни прашања и јавни тендери.

 

  1. Политички консалтинг
  • Политички аналитичар: Спроведување на политички анализи и давање совети за политички партии, владини тела или приватни компании.
  • Советник за изборни кампањи: Работење со политички партии или кандидати за планирање и спроведување на успешни изборни кампањи.

 

  1. Меѓународни и регионални институции
  • Експерт за јавна администрација: Работа во регионални или меѓународни институции (ЕУ, Совет на Европа), советување за реформи во јавната администрација и подобрување на јавните услуги.

Студиска програма Јавна администрација (Линк: /documents/studiski/2-ciklus/2023_24/studiska-programa/СТРУКТУРА НА СТУДИСКА ПРОГРАМА – Јавна администрација, едногодишни.pdf)

Важни информации при упис на втор циклус (Линк: https://www.ugd.edu.mk/images/pravilnici_studiranje/pravilnik za studiranje na 2 ciklus.pdf)

Важни информации за запишаните студенти (Линк: https://www.ugd.edu.mk/images/pravilnici_studiranje/pravilnik za studiranje na 2 ciklus.pdf)

Решение за акредитација (Линк: /documents/studiski/2-ciklus/2023_24/resenie-za-akreditacija/Решение за акредитација втор циклус – Јавна администрација.pdf)

Решение за почеток со работа (Линк: /documents/studiski/2-ciklus/2023_24/resenie-za-pocetok-so-rabota/Решение за почеток со работа – Јавна администрација.pdf)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк)

Студиската програма Демократски институции и човекови права нуди изучување на демократијата и заштитата на човековите права, комбинирајќи теоретска и практична обука. Програмата покрива важни аспекти на функционирањето на демократските системи и правните механизми за заштита на правата на граѓаните. Студентите ќе стекнат солидна основа за кариера во правосудството, јавната администрација и невладините организации. Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестра и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем. Со завршување на едногодишните академски студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер по политички науки (Master of political science (Msc)) Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.

Структурата на студиската програма Демократски институции и човекови права (постдипломски студии, 60 ЕКТС) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.

 

Задолжителни предмети:

  1. Методологија на научноистражувачка работа
  2. Современа јавна администрација
  3. Концепти на човекови слободи и права
  4. Нации и национализам
  5. Избори и изборна кампања

 

Изборни предмети:

  1. Демократски институции во мултикултурно општество
  2. Анализа на јавни политики
  3. Заштита на лични податоци и пристап на јавни податоци
  4. Европски систем за заштита на човековите права
  5. Институционален и правен поредок на Европската Унија
  6. Медиуми и демократија
  7. Политики за одржлив развој
  8. Европски суд за човекови права

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк.

Во текот на студиите на програмата Демократски институции и човекови права (постдипломски студии, 60 ЕКТС), студентите ќе ги стекнат следниве применливи знаења и вештини:

 

Разбирање на демократските принципи и структури: Студентите ќе се запознаат со основите на демократските институции, нивната организација и функционирање, како и улогата на правниот систем во обезбедувањето на правата на граѓаните.

 

Анализа и примена на правни и политички концепти: Студентите ќе научат како да анализираат и применуваат правни и политички концепти, како што се човековите права, национализам и изборни процеси, во различни контексти и ситуации.

 

Истражувачки и аналитички вештини: Програмата развива вештини за спроведување на научни истражувања, анализа на јавни политики и критичко разгледување на правни и политички проблеми.

 

Процедури и стратегија за заштита на правата: Студентите ќе се запознаат со правните механизми и стратегии за заштита на човековите права, вклучувајќи примена на национални и меѓународни стандарди.
 
Работа во мултикултурни и меѓународни контексти: Програмата ги подготвува студентите да работат во мултикултурни и меѓународни средини, со фокус на европските и глобалните аспекти на заштитата на правата и демократијата.

По завршувањето на програмата Демократски институции и човекови права (постдипломски студии, 60 ЕКТС) студентите имаат различни можности за кариера, вклучувајќи:

  • Законодавци
  • Високи владини функционери
  • Избрани и именувани лица во единиците на локалната самоуправа
  • Генерални и извршни директори
  • Раководни државни службеници на Собранието, Владата и органите на државната управа
  • Функционери кои раководат со други органи на државната управа и на управни организации
  • Дипломати и дипломатски службеници
  • Директори за политика и планирање
  • Директори за деловни услуги и администрација кои не се класифицирани на друго место
  • Стручњаци за универзитетско и високо образование во општествените науки.

Студиска програма Демократски институции и човекови права (60 ЕКТС) (Линк)

Важни информации при упис на втор циклус (Линк)

Важни информации за запишаните студенти (Линк)

Решение за акредитација (Линк)

Решение за почеток со работа (Линк)

Студиската програма по Деловно право (постдипломски студии, 60 ЕКТС), има за цел да ги подготви студентите за напредна кариера во областа на деловното право и корпоративното управување. Студентите ќе стекнат продлабочени знаења во различни аспекти на деловното право, како што се правни аспекти на договорите, корпоративното право, правото на конкуренција, интелектуална сопственост и финансиските акти. Програмата вклучува и студии на случаи и анализа на реални проблеми, што им помага на студентите да развијат способности за решавање на правни проблеми во деловниот свет.

Студиската програма се реализира во траење од 1 година, односно два семестра и носи 60 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на едногодишните академски студии од втор циклус на оваа програма, студентите се стекнуваат со назив: Магистер нa правни науки од областа деловно право (Master of Laws (LL.M.)  in Business Law)

Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.

Структурата на студиската програма Деловно право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.

 

Задолжителни предмети:

  1. Методологија и организација на научноистражувачка работа
  2. Право на друштвата
  3. Меѓународно трговско право
  4. Стечајно право
  5. Трудово и социјално право

 

Изборни предмети:

    1. Регулација на финансиски пазари и институции
    2. Банкарско право
    3. Деловно казнено право
    4. Право на индустриска сопственост
    5. Корпоративно управување
    6. Еколошко право
    7. Меѓународно трудово право
    8. Даночно право
    9. Конкурентско право

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк

Во текот на студиите на програмата по Деловно право (постдипломски студии, 60 ЕКТС), студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:

 

  1. Основи на деловното право: Разбирање на основните принципи и концепти на деловното право, вклучувајќи договорно право, корпоративно право, правото на конкуренција и правото на интелектуална сопственост.
  2. Финансиски и правни регулативи: Познавање на правните и финансиските регулативи што ги водат комерцијалните активности и инвестиции, вклучувајќи даночно право, трговски закони и правила за корпоративно управување.
  3. Меѓународно деловно право: Разбирање на меѓународните правни стандарди и спогодби што влијаат на транснационалните деловни активности и глобалната економија.
  4. Правни аспекти на интелектуална сопственост: Познавање на правни акти и нивните норми што се однесуваат на патенти, авторски права, заштитни знаци и трговски тајни.
  5. Право на конкуренција: Разбирање на закони и правила што ја регулираат конкурентноста на пазарот и заштита од антиконкурентни практики.
  6. Правно истражување и анализа: Способност за спроведување на длабински правни истражувања, анализа на правни проблеми и развој на правни стратегии.
  7. Правно пишување и документација: Вештини за подготовка на правни документи, вклучувајќи договори, извештаи и правни мислења, со акцент на јасност и точност.
  8. Прагматичен пристап: Способност за примена на правните принципи на практични деловни ситуации и проблеми.
  9. Преговори и решавање конфликти: Вештини за преговарање на деловни договори и решавање на правни конфликти и спорови.

 

Етика и професионализам: Разбирање на етичките стандарди и професионалните обврски на правниците, особено во контекст на деловното право.

Завршувањето на програмата по Деловно право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) отвора широк спектар на кариерни и работни можности на различни позиции и во различни институции, како:  
  1. Високи владини и јавни функционери:
  • Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери
  • Генерални и извршни директори
  • Раководни државни службеници
  • Дипломати и дипломатски службеници.
 
  1. Администрација и деловно управување:
  • Директори за деловни услуги и администрација
  • Директори на претпријатија за продажба, маркетинг и развој
  • Директори на производствени претпријатија и институции за специјализирани услуги
  • Директори на претпријатија за угостителство, трговија и други услуги.
 
  1. Образование и обука:
  • Стручњаци за универзитетско и високо образование во општествените науки.
 
  1. Бизнис и финансии:
  • Финансиски и инвестициски советници
  • Стручњаци за правна администрација
  • Кадровски стручњаци
  • Стручњаци за обука и развој на кадар
  • Стручњаци за маркетинг и реклама
  • Стручњаци за односи со јавноста.
 
  1. Право и судство:
  • Правник
  • Адвокат
  • Судски советник
  • Нотар.

Студиска програма Деловно право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) (Линк)

Важни информации при упис на втор циклус (Линк)

Важни информации за запишаните студенти (Линк)

Решение за акредитација (Линк)

Решение за почеток со работа (Линк)

Студиската програма по Меѓународно и европско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) нуди напредни знаења во меѓународните и европските правни системи и регулативи.

Програмата ја истражува структурата и функцијата на меѓународните организации, права и обврски на државите, како и европските правни институции и правото на Европската Унија. Студентите развиваат вештини за правна анализа, истражување и примена на правните стандарди во глобалниот и европскиот контекст.

Со завршување на едногодишните академски студии од втор циклус на програмата Меѓународно и европско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС), студентите се стекнуваат со назив: Магистер на правни науки по Меѓународно и европско право (Msc in International and European Law)

Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години.

Структурата на студиската програма Меѓународно и европско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.

Задолжителни предмети: 

  1. Меѓународен правен поредок
  2. Институционален и правен поредок на ЕУ
  3. Меѓународни односи и геополитика
  4. Меѓународно казнено право
  5. Внатрешен пазар на ЕУ

 

Изборни предмети:

  1. Европската Унија во меѓународни односи
  2. Простор на слобода, правда и безбедност во Европската Унија
  3. Основи на дипломатија
  4. Транснационален организиран криминал и корупција
  5. Меѓународно еколошко право
  6. Алтернативно решавање на спорови
  7. Право на интелектуална сопственост
  8. Меѓународни економски односи
  9. Политики на одржлив развој
  10. Меѓународни системи на заштита на човековите права

 

Целата структура на студиската програма Меѓународно и европско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) можете да ја погледнете на следниот линк

Во текот на студиите на програмата по Меѓународно и европско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС), студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини:

  1. Разбирање на меѓународните правни системи: Познавање на структурата и функцијата на меѓународните организации, правата и обврските на државите и примената на меѓународните правни норми.
  2. Разбирање на европското право: Продлабочено разбирање на правото на Европската Унија, вклучувајќи ги европските институции, легислатива и судска пракса.
  3. Правна анализа и истражување: Развивање на способности за правна анализа, истражување на сложени правни проблеми и примена на правните стандарди во меѓународен и европски контекст.
  4. Меѓународна и европска правна комуникација: Вештини за ефикасна комуникација и преговори во рамките на меѓународни и европски правни опкружувања.

По завршувањето на постдипломските студии по Меѓународно и европско право (60 ЕКТС), студентите можат да се вклучат во различни кариерни можности, вклучувајќи:

  • Соработник во високообразовни институции,
  • Правосудни органи (суд, обвинителство, адвокатура, нотаријат),
  • Извршната власт (правда, внатрешни работи, надворешни работи, дипломатски и конзуларни претставништва, јавна администрација и информатичко општество, полиција, советник, државен секретар и сл.),
  • Како и во многу други национални, регионални и меѓународни асоцијации и организации и други институции.

Студиска програма Меѓународно и европско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) (Линк)

Важни информации при упис на втор циклус (Линк)

Важни информации за запишаните студенти (Линк: (Линк)

Решение за акредитација (Линк)

Решение за почеток со работа (Линк)

Студиската програма по Граѓанско право за втор циклус постдипломски студии (60 ЕКТС) нуди продлабочено изучување на граѓанското право, вклучувајќи договорно право, правото на сопственост, наследно право и облигационо право. Програмата ја развива способноста за анализа и решавање на сложени правни проблеми во граѓанскиот контекст, применувајќи актуелни правни теории и практични техники. Студентите се подготвуваат за професионални улоги како правници, адвокати или судии, со акцент на правната практика и судска интерпретација на граѓанското право.

Со завршување на едногодишните академски студии од втор циклус на програмата Граѓанско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС), студентите се стекнуваат со назив: Магистер на правни науки од областа на граѓанското право (Master of Laws in civil law (LL.M in civil law))

Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии со траење од 4 години

Структурата на студиската програма Граѓанско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) опфаќа носечки задолжителни предмети, изборни предмети и изработка на магистерски труд.

Задолжителни предмети:

  1. Методологија и организација на научноистражувачка работа
  2. Општ дел на граѓанско и стварно право
  3. Облигационо право
  4. Право на интелектуална сопственост
  5. Парнично право
  6. Судско и адвокатско право
  7. Отштетно право

 

Изборни предмети:

  1. Право на осигурување
  2. Семејно право
  3. Европско договорно право
  4. Арбитражно право
  5. Медицинско казнено право
  6. Институционален и правен поредок на Европската Унија
  7. Интернет право и право на е-трговија
  8. Право на друштва

 

Целата структура на студиската програма можете да ја погледнете на следниот линк

Во текот на студиите на програмата по Граѓанско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС), студентите се стекнуваат со следните применливи знаења и вештини: 

  1. Продлабочени познавања на граѓанското право: Разбирање на комплексните области на граѓанското право, вклучувајќи договорно право, право на сопственост, наследно право и облигационо право, со акцент на теоретските и практичните аспекти.
  2. Правна анализа и примена: Развивање способности за анализа на правни проблеми, изработка на правни документи и примена на граѓанското право во решавање на конкретни правни случаи.
  3. Правно-истражувачка способност: Способност за спроведување на длабински правни истражувања, анализа на судска практика и правни текстови и истражување на нови правни теории и промени во законодавството.
  4. Решавање на правни спорови: Вештини за идентификување и решавање на правни спорови и конфликти во граѓанската сфера, користејќи различни методи на решавање на спорови, како што се арбитража и медијација.
  5. Изработка на правни стратегии: Способност за развој и имплементација на правни стратегии во сложени граѓански случаи, со акцент на максимизирање на правната заштита и постигнување на најдобри резултати за клиентите.
  6. Судска и правна писменост: Вештини за подготовка на судски поднесоци, правни мислења и други правни документи, со акцент на прецизност, јасност и правна точност.
  7. Анализа на правната политика: Разбирање на влијанието на правната политика и законските промени на граѓанското право, како и способност за анализа на правните импликации на нови норми и законски иницијативи.

Завршувањето на програмата по Граѓанско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) отвора широк спектар на кариерни и работни можности на различни позиции и во различни институции.

Магистрите на правни науки од областа на граѓанско право можат да работат на факултети, во научни институти, правни клиники, правосудни и извршни органи и други институции. Понудената програма е конципирана да кореспондира согласно потребата на пазарот на трудот во областа на правото, а компетенциите со кои се стекнуваат студентите несомнено се значајни за справување со практичните предизвици.

Студиска програма Граѓанско право (постдипломски студии, 60 ЕКТС) (Линк)
Важни информации при упис на втор циклус (Линк)
Важни информации за запишаните студенти (Линк)
Решение за акредитација (Линк)
Решение за почеток со работа (Линк)

Претходни акредитации

За повеќе информации обратете се кај референтите од студентската служба за втор циклус на студии:

Катерина Хаџи-Василева
Телефон: +389 32 550 076
E-mail: katerina.hadzivasileva@ugd.edu.mk
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб
Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија