Правна клиника за бесплатна правна помош
Правна клиника е посебна организациона единица на Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип чија основна надлежност е обезбедување примарна бесплатна правна помош онаму каде што е најпотребна.
Од непроценливо значење во севкупниот процес е тоа што студентите под менторство на наставниот кадар може директно да се вклучат во работењето на Правната клиника како креативна можност за усовршување на правните вештини и практицирање на правото, надвор од традиционалните наставни програми.
- Е-форма за пополнување
- Повеќе информации: https://www.facebook.com
Правна клиника по казнено право – УГД
Правната клиника за кривично право при Правниот факултет претставува практична едукативна програма наменета за студентите со цел да ги продлабочат своите знаења и вештини во областа на кривичното право. Преку работа на реални или хипотетички случаи, симулации на судски процеси и соработка со правни експерти, студентите стекнуваат практично искуство кое го надополнува теоретското образование. Клиниката обезбедува интерактивен пристап во учењето, поттикнува критичко размислување и ги подготвува студентите за идни предизвици во правосудниот систем.
Повеќе Информации https://www.facebook.com/profile.php?id=61557582247505
Клуб „A fortiori“
Клубот „A fortiori“ е основан во 2017 година со цел студентите да можат да да работат тимски и да се одготвуваат за учество на регионални moot court натпревари за познавање на човековите права, а посебно Европската конвенција за човекови права и праксата на Судот. Стдуентите ануелно учествуваат на вакви натпревари и низ годините имаат постигнато значајни резултати.
Клуб на оратори “Rostra Vetera”
Клубот на оратори “Rostra Vetera” е место каде студентите ја негуваат реториката и умешноста за дебатирање. Клубот на оратори секоја година организира ораторски вечери на ниво на Универзитет, каде студентите, нецензурирано, можат да бидат гласни и слободно да го пренесат на публиката она за кое сакаат да бидат слушнати.
Повеќе информации: https://www.facebook.com/club.na.oratori.ugd
Центар за меѓународно право и меѓународни односи
Центарот за меѓународно право и меѓународни односи е основан во.2021 год.
На студентите им овозможува пристап до официјалната библиотека на ООН за меѓународно право, пристап до официјалните документи донесени од органите на ООН, пристап до видео предавања по конкретни теми од меѓународно право, предавања од странски професори и сл.
Во рамки на Центарот е планирано и издавање на меѓународно списание од областа на меѓународно право и односи предавања од странски професори, организирање на трбини и работилници, спроведување на анакети и нивна анализа и сл. Воедно и вмрежување и соработка со странски центри од сродна област.
Центар за правни и политички истражувања
Центарот за правни и политички истражувања при Правниот факултет постојано ги инволвира и охрабрува студентите за следење на актуелните состојби и текови како и организирање на трибини, дебати и тркалезни маси преку кои се презентираат истражувачките резултати. Под менторство на наставниот кадар, ваквите резултати често се публикуваат.
Центар за анализа на право и политики
Центарот за анализа на право и политики претставува интердисциплинарна единица, основан во рамките на Правниот факултет, УГД – Штип којашто се занимава со анализа, истражување, едукација и развој во разните области од правото и политиката, како во Република С. Македонија така и пошироко.