Квалитетно правно образование
Уникатна можност за стекнување квалитетно образование во областа на правните науки. Нашите студенти не само што добиваат темелни знаења од правото, туку и практични вештини кои ќе им помогнат да се вклучат на пазарот на труд веднаш по завршувањето на студиите.
Нашите програми се дизајнирани да ги исполнат потребите на модерното општество и да ги подготват студентите за различни кариери во правосудството, јавната администрација, меѓународни организации и приватниот сектор.
Учење од пракса
Факултетот нуди одлична можност за нашите студенти да ја искусат праксата пред да почнат и сами да го практицираат правото.
Постојаната посета од практичари, како и членувањето во правните клиники им помага на студентите да бидат во постојан допир со практичната страна на правото и да ја развијат правната логика за решавање предмети.
Учество на национални и државни натпревари
Студентите од Правен факултет се постојани учесници на национални и државни натпревари во симулирани судења.
Во улога на судија, обвинител, бранител, вештак или сведок, студентите ја искусуваат судницата уште при студирањето. Тоа ги прави особено искусни и подготвени да се впуштат сигурно на пазарот на трудот.
Клуб на оратори
Клубот на оратори и Правниот факултет ги негуваат беседништвото и ораторските вештини на студентите. Како исклучително важна секвенца при градењето на еден правник, ораторството се развива и негува на Факултетот, преку организирање на постојани обуки и дебати, но и познатиот натпревар во ораторство.
Ораторските вечери станаа незаменлива платформа за изразување на младите правници и покренување на промени