Правниот факултет при УГД по 9. пат ја одржа Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет.“
Read more ...Home
Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“– Штип, објавува повик за доставување на трудови за дванаесетиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со Ваш ракопис во овогодинешниот број на Зборникот.
Read more ...Повик за доставување на трудови во меѓународното списание „EUWEB Legal Essays. Global & International Perspectives“, во специјално издание на тема „Promoting Public Awareness on the Fight Against Transnational Crimes, the Role of Police and Judicial Cooperation and Respect for Fundamental Rights“.
Заинтересирани автори треба да достават предлог за учество не подолг од две до три странци, во којшто ќе биде содржано предлог истражувањето и динамиката на истражувањето. Ракописите ќе подлежат на процес на двојна рецензија.
Предлозите треба да се испратат во ПДФ документ на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и при праќање на истите да се наведе во насловот дека се предлози за EUWEB Special Issue.
Рокот за доставување на предлозите е до 31 октомври 2023 г.
Преглед на важни датуми:
- Рок за доставување на предлог истражување: 31 октомври 2023 г.
- Известување за прифатени апстракти: 13 ноември 2023 г.
- Доставување на целосен труд (подготвен за објава): 15 декември 2023 г.
- Публикација (публикација на трудот по завршување на процес на двојна рецензија): 31 јануари 2024 г.
За дополнителни информации обратете се кај: д-р Ана Никодиновска-Крстевска, придружен уредник на EUWEB Legal Essays – This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Датум: 21 ноември 2023 година
Место на одржување: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Заднина:
Омразата и дискриминацијата претставуваат сè поголеми предизвици во осигурувањето дека сите луѓе можат подеднакво да ги уживаат своите човекови права. Говорот на омраза како форма на дискриминаторско изразување е сериозна грижа за човековите права. Тој е алатка која честопати се користи за замолчување и заплашување на малцинствата и за таргетирање на цели групи во општеството. Без разлика дали се користи од политичарите или се шири од медиумите или во онлајн сферата, говорот на омраза може да создаде средини погодни за дискриминација, насилство и други прекршувања на човековите права. Во овој контекст, тој има директно влијание и врз одржувањето или засилувањето на веќе постоечките практики на системска дискриминација на ранливите групи во општествата.
Меѓународното право, како и поголемиот дел од земјите на Европа, како и останатите земјите заземаат став кон говорот на омраза како посебно штетен за слободата и еднаквоста во општествата кои стануваат мултикултурни. Ваквиот пристап носи повеќеслојно поимање на штетата од говорот на омраза. Штетата е видена не само во смисла на нарушување на јавниот ред, поттикнување на насилство и сл., туку, и пред сѐ, во повредата на достоинството на индивидуите и дискриминацијата која во него е содржана и која со него се поттикнува.
Во ова светло, покануваме трудови кои рефлектираат различни аспекти на односот помеѓу дискриминацијата и говорот на омраза на академскиот кадар и студентите од трите партнерски факултети/универзитети, на истражувачи и практичари во која било фаза од нивната кариера, експерти и претставници на институции.
Детали за поднесување:
Заинтересираните учесници се поканети да го пријават своето учество со наслов на излагањето најдоцна до 1 ноември 2023 година, на следниов мејл: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Конференцијата е заеднички настан помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како дел од активностите спроведени во соработка на трите факултети/универзитети со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.