Македонско-американската алумни асоцијација, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија, одржа презентација пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Презентацијата се однесуваше на волонтерството и вoннаставните активности, но и на можностите за престој и студирање во САД, кои ги нудат програмите на Амбасадата на САД во Македонија.
Read more ...Home
Почитувани,
Правниот факултет ве поканува да учествувате на 10. Меѓународна научна конференција „Општествени промени во глобалниот свет“, што ќе се одржи на 28 и 29 септември 2023 год. во Штип.
На 30 март 2023 г. (четврток) со почеток во 10 часот, во свечената сала на Правен факултет – УГД, ќе се одржи промоција на книгата „Есеи за миграции и азил“ во уредништво на Ана Никодиновска-Крстевска, Олга Кошевалиска и Елена Максимова, во издание на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Повелете, ве очекуваме!
Почитувани,
Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, спроведува сет од меѓусебно поврзани еднодневни курсеви за практични правни вештини.
Read more ...