![](/images/2023/02/zbornik-12.jpg)
-
Created: Tuesday, 07 February 2023
Почитувани,
Ве известуваме дека е објавен дванаесеттиот број на Годишниот зборник на Правниот факултет (2022). Во ова издание учествуваат вкупно седум автори со научно-истражувачки трудови од областа на политички систем, римско право, семејно и наследно право, кривично право, граѓанско право и трговско право. Зборникот има меѓународен уредувачки одбор.
Следниот повик за Годишен зборник бр. 13 ќе биде објавен во текот на месец мај и ќе биде отворен до средината на месец септември 2023 г.
Пријатно читање!