-
Создадено: Понеделник, 04 Декември 2023
Како дел од активностите на проектот „Jean Monnet Chair in Promoting Public Awareness on Enlargement Policy, EU Values and Western Balkans’ Association“, предводен од Универзитетот во Салерно од проф. Тереза Русо (Teresa Russo), учествува и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, под раководство на проф. Ана Никодиновска-Крстевска (Ana Nikodinovska-Krstevska) како Team Chiar.
На 30 ноември 2023 г. на Универзитетот во Салерно, проф. Ана Никодиновска-Крстевска во рамките на четвртиот семинар посветен на Европската Унија и проширувањето низ призмата на меѓународното, европското и националното право, одржа предавање насловено „Comparative Approach to North Macedonia’s Membership in the United Nations and the European Union“.
Професорката Никодиновска-Крстевска говореше за пристапувањето на Македонија во Обединетите нации и Европската Унија и за пречките кон нејзиното меѓународно признавање. Предавањето побуди интерес кај студентите особено во делот на критериумите за членство во Европската Унија и кохерентноста на Европската надворешна политика во однос на политиката на проширување.