Во периодот од 3 до 5 декември 2023 година, студентите Ѓорѓи Зафиров и Теодор Глигоров од Правниот факултет при УГД, втора студиска година, заедно со студенти од различни универзитети од Македонија и од Бугарија, реализираа студиски престој во Софија, Бугарија.

Овој настан се организираше во рамките на проектот „Youth Conference with participation of students and young people from Bulgaria and North Macedonia" со наслов „Addressing Security Challenges in an Unpredictable Environment: The Role of NATO".

Конференцијата беше поддржана од бугарското Министерство за надворешни работи, Министерството за одбрана, како и од Фондацијата „Фридрих Њуман". Целта на настанот беше да се обрне внимание на безбедносните предизвици пред Европа и на улогата на НАТО во околината.

На вториот ден од конференцијата, студентите имаа можност да се сретнат со претставници на НАТО и да учествуваат во разговори за различни аспекти на безбедноста во регионот. Одбележани беа и презентациите за економските влијанија од членството во НАТО, како и разговорите за мирот во Европа и предизвиците поврзани со руската агресија врз Украина.

На крајот од конференцијата, студентите го посетија бугарското Министерство за надворешни работи и имаа средба со министерот за надворешни работи на Бугарија, како и со амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија, г-ѓа Агнеса Руси-Поповска. Разговарајќи за статусот и развојот на билатералните односи помеѓу двете земји, разговараа и за придонесот на двете земји кон Алијансата.

Во продолжение студентите имаа можност за разгледување на Софија, пред да завршат со посета на Парламентот на Бугарија и средба со бугарските пратеници. Денот заврши со евалуација и церемонија на доделување на сертификати.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.