Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денес се сретна со ректорот и ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“, а оствари и средба со голем број студенти кои имаа низа прашања. 

Во рамките на посетата, амбасадорката на САД истакна дека ѝ се особено драги Штип и Универзитетот и секогаш Амбасадата на САД дава безрезервна поддршка во развојот на УГД, во смисла на стипендии за студентите, за вработените, за наставничкиот кадар, но и свои стипендисти од програмата Фулбрајт често се гости на Универзитетот.   

Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека УГД и Амбасадата на САД се партнери во голем број заеднички проекти и изрази надеж дека тоа ќе остане и во иднина. По средбата на амбасадорката со ректорот и проректорките проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и проф. д-р Зденка Стојановска, амбасадорката имаше средба наменета за прашања и одговори со студентите на Правен факултет.

Студентите се интересираа за нивото на корупција и криминал во Македонија и како Амбасадата на САД може да помогне во надминување на овие проблеми. Голем дел од прашањата се однесуваа за владеењето на правото и правниот систем во државата, како и за многу меѓународни прашања.

Деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска, ја истакна благодарноста за поддршката што Правниот факултет ја има од Амбасадата на САД, со чија помош е направена и судницата во рамките на овој факултет, која важи за една од најдобрите судници од овој вид во државата.  

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.