Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, спроведува сет од меѓусебно поврзани еднодневни курсеви за практични правни вештини.

Курсевите за практични правни вештини се наменети за студенти по право и млади дипломирани правници, со цел да ги зголеми нивните знаењата и вештините на следните теми:  

  • правно пишување;  
  • правно говорење;  
  • интервјуирање и советување;  
  • вештини за судење;  
  • правно расудување и аргументирање и  
  • правно истражување и етички аспекти на правната професија.  

Курсевите се еднодневни и се спроведуваат онлајн преку платформата Zoom.    

Последната предвидена обука од курсот на тема Правно истражување и етички аспекти на правната професија ќе се одржи на 2 април 2024 година (вторник), со почеток од 12 часот, на платформата Zoom.   

Ве замолуваме да ja споделите поканата со вашите студенти  по право за да се пријават на обуката со цел јакнење на нивните капацитети и стекнување на дополнителни вештини и знаења.     

Пријавувањето на учесниците е со пополнување на формуларот (во прилог), најдоцна до 1 април 2024 година.  

На учесниците кои ќе се пријават да учествуваат на обуката ќе им биде испратен линк за вклучување и следење на истата.     

Во прилог Покана и Формулар за пријавување.     

Формуларот можете да го најдете и да го пополните на следниов линк:  https://forms.office.com/e/u2sxhSDJZy

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.