На 24 и 25 април 2018 г., во заедничка организација помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија, се одржа Меѓународна конференција на тема „Бугарија и Македонија: различни предизвици, заедничка европска иднина“ при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија.

Во Конференцијата активно се вклучија студентите на прв, втор и трет циклус студии од факултетите по правни и политички студии од двата универзитет, и дадоа обемен придонес со нивни истражувања, размислувања и погледи кон темите од двата панели и тоа: 1. Бугарското претседателство во Советот на ЕУ и поддршката за македонското членство во Европската Унија и 2. Билатерална соработка меѓу Бугарија и Македонија.  

На Конференцијата учествуваа вкупно 8 студенти од Правниот факултет при УГД: Ирена Манчева, Лазар Тасев, Лорета Донева, Елена Трајковска, Александра Трајкова, Благој Милев, Драгана Стојчевска и Ивана Митева. Презентациите на студентите беа одлично примени од присутните, а темите коишто ги допреа беа следните: транспортниот коридор 8, прекуграничната соработка, Бугарското претседателство и западниот Балкан, Македонија во ЕУ и НАТО, добрососедските односи и Договорот помеѓу Бугарија и Македонија, медиумската соработка помеѓу двете земји и други.

На отворањето на Конференцијата одржа поздравен говор Н.Е. г. Марјан Ѓорчев, амбасадор на РСМ во Бугарија, а воведничари во дискусијата на конференцијата беа: проф. Татјана Дронзина (Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Софија), проф. Јован Ананиев (Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип), проф. Диего Чека (Универзитет на Гранада), проф. Антон Парванов (Универзитет за национална и светска економија - Софија) и доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска (Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип).

Во вториот дел од Конференцијата предавања одржаа проф. Јован Ананиев и доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска на тема 1. Моделот на консоцијална демократија во Република Македонија и 2. Двојните стандарди во политиката на проширување на Европската Унија.

Во рамките на ова студиско патување, студентите беа поканети и примени од амбасадорот Н.Е. г. Марјан Ѓорчев во просториите на Амбасадата на РСМ во Софија. При оваа посета амбасадорот им одржа кратко предавање за односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, како и за положбата на македонското малцинство во Република Бугарија.

Conference Agenda.pdf

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.