Правниот факултет при УГД преку својата неодамна формирана мрежа со средните училишта во Македонија организираше симпозиум на тема „Мрежата за демократија и владеење на право преку образование“. 

- Тоа што го констатиравме на минатиот состанок со мрежата што ја формиравме беа, меѓу другото, и проблемите кои се однесуваат на недоволната застапеност на правните предмети во гимназиите и во средните стручни училишта, пред сѐ економските. Тука е и недоволната застапеност или распределеност на предметите кои припаѓаат во општествените науки. Тоа предизвикува и недоволен интерес на учениците кон овој тип на образование. Исто така, она што мрежата има за цел е да бидат повеќе застапени во постоечките предмети темите кои се однесуваат на демократијата, владеењето на правото и на човековите права. Средното образование е местото каде што државата ги образова и креира нашите идни граѓани - изјави деканот на Правниот факултет, проф. д-р Јован Ананиев.

Настанот се одржи во Правниот факултет при УГД, а беа присутни претставници на средни училишта од целиот регион.

Видео

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.