Истражувачкиот филмски фестивал Скопје - ИФФС [www.iffs.mk] во соработка со УГД организираа проекција на краткиот документарец „Бајка за лажните вести“ и дискусија посветена на борбата со дезинформации и лажни вести.

ИФФС во Скопје се организира секоја година од страна на Платформа за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), а оваа година за првпат и надвор од Скопје.

  • Најпрво доаѓаме во Штип да презентираме дел од програмата на фестивалот. Годинава тема се лажните вести и нивното презентирање. Се надевам дека ќе има интерес и дека ќе соработуваме во иднина со цел да можеме да прикажеме и други филмови овде во Штип - изјави Кристина Озимец, претседател на организацијата ПИНА.

Во рамките на проекцијата се организираше и дебата меѓу новинари токму на тема лажните вести. Како панелисти на дебатата беа новинарите Игор Стојанов и Тони Михаилов од Универзитетското радио „УГД ФМ“ и Викторија Јованова, новинар и дописник од Штип за ТВ Телма и за МИА.

  • Денес го организираме овој настан со цел да ги запознаеме студентите за проблемот на лажните вести. Според мене, овој термин најпрвин имаше бенефит за новинарите и новинарството на светско ниво, затоа што сите сфатија колку е важно доброто новинарство и почнаа да инвестираат во добро новинарство. Веќе терминот има негативност за новинарите и новинарството, затоа што политичарите го „киднапираа“ терминот и сега го користат против новинарите и новинарството. Кај јавноста постои мислење дека новинарите се тие кои прават лажни вести, а тоа воопшто не е точно. Лажните вести се продуцирани од луѓе кои не се новинари и од политичарите - изјави Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на „УГД ФМ“.

На дебатата се зборуваше и за значењето на доброто новинарство за тоа колку е потребно инвестирање во медиумска едукација на општата популација и слично. Панелистите Михаилов и Јовановска посочија дека новинарството, особено во Источна Македонија, работи со скромни средства и нема заинтересираност од младите луѓе за работа во новинарството. Целата дебата се пренесуваше и во живо на интернет.

Видео


Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.