Студентите на Правниот факултет денес пред своите колеги одржаа симулирано судење на процес пред Европскиот суд за човекови права.

Студентите со овој процес беа на меѓународен натпревар по симулирани судења во Вршац, каде што го освоија второто место.

  • Станува збор за регионален натпревар „Футура“. На тој натпревар еден тим ја застапуваше државата, а друг тим ги застапуваше апликантите. Јас бев во тимот што ги застапува апликантите. Се натпреваруваме со осум тима и го освоивме второто место. Денес сме овде да им го пренесеме нашето искуство на колегите од Правниот факултет - изјави Марија Коцева, студентка на Правниот факултет при УГД која учествуваше во натпреварот „Футура“.

Студентите од Вршац донеле многу позитивни искуства, а многумина од нив се согласуваат дека останатите нивни колеги треба да се вклучуваат затоа што ќе се сретнат со вредно искуство кое ќе им користи во нивната кариера.

  • Натпреварот ја имаше темата на азил и мигранти. Тоа е прекрасно искуство за секој студент на Правен факултет и мислам дека секој би требало да се избори да учествува на тој натпревар. Чувството пред тие судии е прекрасно - изјави Елена Трајковска, студентка на Правниот факултет на УГД.

Студентите на Правниот факултет често се дел од домашни и меѓународни натпревари во нивната област и често достигнуваат значајни резултати.

Видео

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.