Меѓународни експерти од Америка, Канада, Италија, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина, како претставници од НАТО, неодамна одржаа тренинг-курс насловен „Кон ефективна сајбер одбрана во согласност со владеење на правото“.

Курсот се организираше во рамки на НАТО програма Наука за мир и безбедност.

Во петдневниот курс во Охрид учествуваа 40 учесници (од областа на правото, безбедноста и одбраната) од јавниот и приватниот сектор, како и претставници од академската заедница на земјите од Југоисточна Европа (Албанија, БиХ, Бугарија, РС Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора).

НАТО напредниот тренинг курс имаше за цел да ја подигне свеста за потребата од ефективно справување со современите предизвици по безбедноста и одбраната кои доаѓаат од сајбер просторот, согласно со принципите и стандардите на меѓународното право и постојните меѓународни договори. Оваа цел беше постигната преку 4 блока во кои учесниците се запознаа со последните трендови на технологијата во изведувањето на сајбер операции при справувањето со современите предизвици за време на мир, конфликт и постконфликтна фаза согласно со меѓународното право и националните законодавства.

Курсот беше во организација на кодиректорите: доцент д-р Дуња Дуич од Правниот факултет  во Осиек,  Универзитет „Јосип Јурај Штросмајер“ во Осиек, Хрватска; доцент д-р Кристина Мишева од Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Северна Македонија  и вон. проф. Дијана Гупта од Атлантски совет од Босна и Херцеговина.

За повеќе детали (програма, биографија на предавачи, галерија) видете на следниов линк:

https://www.pravos.unios.hr/sps-advance-training-course-nato/about-the-project

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.