За нас Корисни линкови Поканети професори кои одржале предавање International law and relations review Вести Контакт

ЗА НАС

Одлука за основање: 1102-152 донесена од страна на Наставно-научен совет на Правен факултет при Универзитет ,,Гоце Делчев” – Штип на 09.11.2021 год.

Академска сфера на делување: Пошироката област на меѓународно јавно право, меѓународни односи, надворешна политика и дипломатија, геополитика и сл. 

Бенефити за студенти:  Пристап до  официјалната библиотека на ООН за меѓународно право, пристап до официјалните документи донесени од органите на ООН, пристап до видео предавања по конкретни теми од меѓународно право, предавања од странски професори и сл.

Други активности:  Предавања од странски професори, организирање на трибини и работилници, спроведување на анакети и нивна анализа и сл. Воедно ќе се стремиме и кон вмрежување  и соработка со странски центри од сродна област, а  преку тоа и промоција на Правниот факултет при Универзитет ,,Гоце Делчев” - Штип. 

Раководител на центарот за меѓународно право и меѓународни односи: Вон. проф. д-р Дејан Маролов

Координатор на настани: асс. м-р Наташа Донева


КОРИСНИ ЛИНКОВИ ЗА СТУДЕНТИ И ИСТРАЖУВАЧИ ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНО ПРАВО

Опис:  Библиотеката на ООН е сеопфатен глобален извор за пребарување и истражување на дигитална содржина создадена од Обединетите нации. Првично стартувана во 2015 година, iLibrary на ОOН беше ажурирана во 2020 година за да вклучи нови функции како интерфејс на сите шест официјални јазици на ООН и функција за пребарување според целите за одржлив развој. Има околу 9000 наслови вклучени во iLibrary на ОOН. Секоја година во колекцијата се додаваат околу 500 нови наслови, од кои приближно 70% се на англиски јазик и опфаќаат теми од меѓународно право правда, демократија, разоружување, миграција, економија, јавна безбедност и сл.

Опис: Онлајн каталог на документи и публикации на ОН. Дигиталната библиотека вклучува документи на ОOН, податоци за гласање, говори, мапи и публикации со отворен пристап. Платформата обезбедува пристап до материјали произведени од OОН во дигитален формат и библиографски записи за печатени документи на ООН почнувајќи од 1979 година.

Опис: Богата база од историски архиви, научни статии и истражувања од областа на меѓународното право. Видео преадавања од врвни експерти по меѓународно јавно правно на конкретни негови области.

 Повици, можности  стипендии за студенти:

  • Повик за Меѓународна летна школа по компаративни студии на конфликт за студенти од 4та година во Белград, Р.Србија.

        https://cfccs.org/summer-school/2023-summer-school

  • Стипендија за Мастер студии по меѓународно и европско право во Вилнус, Литванија

https://www.vu.lt/en/studies/master-studies/international-and-european-law

  •  Стпендија за студенти од Р.М. кои студираат на мастер или докторски студии во Виена.

https://www.iwm.at/program/see-graduate-scholarships?fbclid=IwAR090pDs0k8GJwIdEyy2378Ie0K1T447sFwSmLcBjLkuF4zwJWVD2r8tn_


ПОКАНЕТИ ПРОФЕСОРИ ОД СТРАНСТВО КОИ ОДРЖАЛЕ ПРЕДАВАЊЕ НА ПОКАНА НА ЦЕНТАРОТ ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-ШТИП.

  • Prof. Tomasz Kamiński

Department of Public International Law, Faculty of Law and Administration, University of Warsaw, Faculty of Security, Logistics and Management, Military University of Technology

Poland

Одржано преавање на тема “Scanning as a non-intrusive mean of inspection
of the diplomatic bag in the light of international law"

  • Prof. Marco Bocchese

Department of International Relations, Webster Vienna Private University, Vienna, Austria

Одржано предавање на тема “"Jus Pro Bello: The impact of international prosecutions on war continuation.

  • Davor Trlin

Assistant Professor at the International Burch University Sarajevo

Одржано предавање на тема „Правото на самоопределување со сецесија” (17.10.2023)


ВЕСТИ

Универзитетот „Гоце Делчев“ стана членка на Академската мрежа на Советот на Европа (Open Council of Europe Academic Networks - OCEAN)

Со големо задоволство објавуваме дека Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (УГД), преку Правниот факултет официјално стана членка на Академската мрежа на Советот на Европа односно на програмата “Open Council of Europe Academic Networks - OCEAN”. Програмата обединува универзитети, истражувачки институции и академици од 46-те држави членки на Советот на Европа, фокусирајќи се на заедничката цел за промоција на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Како дел од нашето членство, УГД ќе продолжи да ги развива и промовира активностите поврзани со Европската конвенција за човекови права, кои веќе се спроведуваат и се интегрирани во различни програми и активности во рамките на Правниот факултет, но и на другите единици во рамките на Универизтетот. Ова значајно партнерство дополнително го зацврстува Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во насока на промоцијата на фундаментални вредности кои произлегуваат од Европската конвенција за заштита на човековите права, како и воопшто од целокупните активности од Советот на Европа, каде членува и Република Северна Македонија.

Со ова членство, Универзитетот „Гоце Делчев“ се придружува на листата на престижни академски институции кои придонесуваат за изградба на посилно општество засновано на владеење на правото, заштита на човековите права и на принципите на демократијата. Координатор на активностите за Универзитетот „Гоце Делчев“ е професорот Дејан Маролов од Правниот факултет.

Повеќе информации за OCEAN програмата можете да се најдат тука.


КОНТАКТ

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.