Пристапот до правда не треба да биде привилегија само за поединци или затворени општествени групи, туку сеопфатен и широко достапен концепт кој е реално остварлив во рамки на дадените законски решенија и востановениот правен инструментариум за нивна имплементација.

Во услови кога напорите за остварување на социјална правда и еднаквост не ги даваат очекуваните резултати, па така голем број граѓани и маргинализирани групи не се во можност (или не знаат) како да ги остварат своите права, сосема оправдано се наметнува потребата од бесплатна правна помош како значаен императив во остварувањето на концептот на владеење на правото.

Оттука е и идејата за основање на Правна клиника како посебна организациона единица на Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип чија основна надлежност би била обезбедување примарна бесплатна правна помош онаму каде што е најпотребна. Основниот мотив е да се подигне свеста за значењето и содржината на бесплатната правна помош и можностите кои се нудат во таа насока, како и да се работи во конкретни случаи со граѓани кои имаат потреба од помош, а не се во состојба самите да обезбедат остварување на своите законски права преку некој од достапните механизми на заштита. Од непроценливо значење во севкупниот процес е тоа што студентите под менторство на наставниот кадар ќе може директно да се вклучат во работењето на Правната клиника како креативна можност за усовршување на правните вештини и практицирање на правото, надвор од традиционалните наставни програми. Имајќи го предвид сето погоренаведено, бенефитите од постоењето на Правната клиника се навистина значајни.

Со оглед на тоа дека Правната клиника неодамна почна со работа, нашите напори во моментот се насочени кон тоа да се промовираме како овластени даватели на правна помош, како би овозможиле што е можно поголем круг на граѓани (првенствено оние кои се најзасегнати) да се информираат за нашето постоење и она што го работиме. Во оваа насока особено ни е важно да оствариме продлабочување на соработката со останатите надлежни институции кои може да имаат свој придонес во остварувањето на концептот на „правда за сите“, вклучително и невладиниот сектор како посебно значаен сегмент во реализацијата на процесот и своевиден коректив на владините политики во речиси сите сегменти на општественото живеење.

 

QRCode за е-барање

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.