Пристапот до правда не треба да биде привилегија само за поединци или затворени општествени групи, туку сеопфатен и широко достапен концепт кој е реално остварлив во рамки на дадените законски решенија и востановениот правен инструментариум за нивна имплементација.

Во услови кога напорите за остварување на социјална правда и еднаквост не ги даваат очекуваните резултати, па така голем број граѓани и маргинализирани групи не се во можност (или не знаат) како да ги остварат своите права, сосема оправдано се наметнува потребата од бесплатна правна помош како значаен императив во остварувањето на концептот на владеење на правото.

Оттука е и идејата за основање на Правна клиника како посебна организациона единица на Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип чија основна надлежност би била обезбедување примарна бесплатна правна помош онаму каде што е најпотребна. Основниот мотив е да се подигне свеста за значењето и содржината на бесплатната правна помош и можностите кои се нудат во таа насока, како и да се работи во конкретни случаи со граѓани кои имаат потреба од помош, а не се во состојба самите да обезбедат остварување на своите законски права преку некој од достапните механизми на заштита. Од непроценливо значење во севкупниот процес е тоа што студентите под менторство на наставниот кадар ќе може директно да се вклучат во работењето на Правната клиника како креативна можност за усовршување на правните вештини и практицирање на правото, надвор од традиционалните наставни програми. Имајќи го предвид сето погоренаведено, бенефитите од постоењето на Правната клиника се навистина значајни.

Со оглед на тоа дека Правната клиника неодамна почна со работа, нашите напори во моментот се насочени кон тоа да се промовираме како овластени даватели на правна помош, како би овозможиле што е можно поголем круг на граѓани (првенствено оние кои се најзасегнати) да се информираат за нашето постоење и она што го работиме. Во оваа насока особено ни е важно да оствариме продлабочување на соработката со останатите надлежни институции кои може да имаат свој придонес во остварувањето на концептот на „правда за сите“, вклучително и невладиниот сектор како посебно значаен сегмент во реализацијата на процесот и своевиден коректив на владините политики во речиси сите сегменти на општественото живеење.

QRCode за е-барање

Правниот факултет е високо-образовна институција кој преку современи образовни процеси ги подготвува студентите од областа на правото, политиката и дипломатијата, јавната администрација и новинарство и односи со јавноста.

Факултетот има за цел во својата работа постојано да ги следи светските трендови на високо образование од областа на правото, политиката, новинарството и односи со јавноста. Сите програми се концепирани според ЕКТС и овозможуваат стекнување на врни компетенции, а и учество на студентите во практичната и научната работа.

Студентите од новинарство и односи со јавноста можат практично да се соочуваат со предизвиците преку актуелните медиуми со кои располага универзитетот, како што се Универзитетскто радио, Универзитетскта ИП телевизија, Универзитетски весник, веб странциите на Универзитетот и студентскиот весник.

Правниот факултет во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“, како единствен Правен факултет што е лоциран во источниот дел на земјава. Програмата на правниот факултет се реализира низ предавања, вежби, хоспитации и практична работа. Предавањата и аудиториските вежби се изведуваат „ex catedra“ со пишување на табла или со користење на графоскоп или други технички помагала (лцд проектор, компјутер) и други наставни средства.

Декан
Вон.проф. д-р Олга Кошевaлиска
E-mail: olga.gurkova@ugd,edu.mk
Телефон: 032 550 451
Телефон: 032 550 457

Продекан за настава
Доц. д-р Елена Максимова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Телефон: 032 550 472

Продекан за меѓународна соработка и наука
Вон.проф. д-р Билјана Тодорова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Телефон: 032 550 470

Секретар
Љубица Медарска Апостолова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Телефон:032 550 585

Технички секретар
Маргарeта Алчинова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Телефон: 032 550 474

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.