Повик за доставување на трудови во меѓународното списание „EUWEB Legal Essays. Global & International Perspectives“, во специјално издание на тема „Promoting Public Awareness on the Fight Against Transnational Crimes, the Role of Police and Judicial Cooperation and Respect for Fundamental Rights“.
Заинтересирани автори треба да достават предлог за учество не подолг од две до три странци, во којшто ќе биде содржано предлог истражувањето и динамиката на истражувањето. Ракописите ќе подлежат на процес на двојна рецензија.
Предлозите треба да се испратат во ПДФ документ на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и при праќање на истите да се наведе во насловот дека се предлози за EUWEB Special Issue.
Рокот за доставување на предлозите е до 31 октомври 2023 г.
Преглед на важни датуми:
- Рок за доставување на предлог истражување: 31 октомври 2023 г.
- Известување за прифатени апстракти: 13 ноември 2023 г.
- Доставување на целосен труд (подготвен за објава): 15 декември 2023 г.
- Публикација (публикација на трудот по завршување на процес на двојна рецензија): 31 јануари 2024 г.
За дополнителни информации обратете се кај: д-р Ана Никодиновска-Крстевска, придружен уредник на EUWEB Legal Essays – Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.