На 21.10.2024 година (понеделник), со почеток во 13.30 часот, ќе се одржи јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов „Правните дилеми поврзани со инструментот евтаназија“ на кандидатката Ирена Павлова – студентка на втор циклус на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Јавната одбрана ќе се одржи во свечената сала на Правен факултет.
На 22.10.2024 година (вторник), со почеток во 11.00 часот, ќе се одржи јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов „Анализа на процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија низ призмата на инструментот за претпристапна помош на Европската Унија“ на кандидатката Мануела Беличева – студентка на втор циклус на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Јавната одбрана ќе се одржи во свечената сала на Правен факултет.