На ден 17.2.2025 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, ќе се одржи јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов „Критички осврт врз законските и институционалните рамки за борба против корупцијата во Република Северна Македонија“ на кандидатот Владимир Георгиев – студент на втор циклус студии на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Јавната одбрана ќе се одржи во свечената сала на Правен факултет.