Универзитетот„ Гоце Делчев“ во периодот од 2020-2022 година ќе го спроведува проектот насловен како ЕУ Е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековнa практикa до имплементација.

Универзитетот„ Гоце Делчев“ – Штип зa првпат се јавува како единствен носител на Жан Моне Проект од Еразмус + Програмата.  Проектот има мултидисциплинарен пристап кој се однесува на промовирање академски дискусии, размена на знаење и соработка помеѓу наставно-научни соработници, експерти и практичари од областа на Европското електронско здравствено право, право на здравствени услуги, јавното здравје, здравствена технологија и биоетика во ЕУ, земјите членки на ЕУ и Р. Северна Македонија. Целта е да се види тенденцијата на нашето право и имплементацијата на ЕУ правната рамка во Е-здравството, статусот на здравствениот систем во имплементирање на е-здравствените услуги, кои се придобивките или негативните аспекти на дигитализацијата во здравството и кои се новите развојни компоненти релевантни за одржлив дигитален здравствен систем и потребата од истиот, при тоа почитувајќи ги основното човеково право: правото на здравствена заштита.

Проектен координатор е Вон. проф. Д-р Кристина Мишева од Правниот факултет, а проектните активности ќе се реализираат заедно со членовите на мултидисциплинарниот проектниот тим: Вон. проф. Д-р Марија Амповска од Правниот факултет, Вон. проф. Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки, Доцент д-р Андреј Петров од Факултетот за медицински науки, и м-р Ристе Тимовски -раководител на Одделот за електронски индекс .

Проектот е ко-финансиран од Еразмус + програмата Жан Моне активности на Европската Комисија. За повеќе информации погледнете наследнот линк:

EU e-Health Law and North Macedonia: From Current Practice to Implementation

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.