-
Создадено: Среда, 18 Ноември 2020
Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делев“ – Штип стана партнер во проектот HUMARCYSPASE (Protecting HUman SEcurity with non-state-actors in the MARitime and CYber SPAce) на тема „Заштита на човечката безбедност со недржавни актери во морскиот и во сајбер простор“, предводен од Катедрата за право при Универзитетот на Кампања ‘Луиџи Ванвители’ во Казертa (Università degli studi di Campania ‘Luigi Vanvitelli’, Caserta), Италија со професорката Џорџа Бевилаква (Giorgia Bevilacqua) како главен лидер, и со професорката Ана Никодиновска Крстевска како координатор на активностите за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и истражувач но и Олга Кошевалиска и Елена Максимова кои се јавуваат во улога на истражувачи.
Освен тоа, во проектот учествуваат истражувачи од други институции од Италија и од Велика Британија кои заедно ја формираат мрежата Humarcyspace. Проектот е од областа на меѓународното право и целта на проектот е да ја истражи новата улогата на недржавните актери во заштита на човековата безбедност во морскиот и во сајбер просторот. Двата простори се восприемени како заеднички добра коишто се суштествени за напредокот, развојот и просперитетот на сите луѓе. Активностите на проектот се состојат од подготовка на база на податоци со релевантни легислативни акти од областа на морското право и сајбер правото, истражувачки мисии на учесниците, организирање на настани и консултативни форуми поврзани со темата, консултирање на релевантни стејкхолдери од државата на потекло, подготовка на трудови за објава во меѓународни списанија со импакт фактор како и одржување на финална конференција. Проектот ќе трае до 2021 г.